Реклама
Вирално

Познат австралиски весник воодушевен од идентитетот на Македонците – погледнете како на нивните страници се вее Сонцето од Кутлеш

Реклама

Австралискиот весник „Champion“ (fairfieldchampion.com.au) на насловната страна објави фотографија од македонски игроорци со наслов Горди на својот идентитет.

MKUD Ilinden Western Sydney

Тие на првите страни од весникот објавија цела сторија за младите македонски игроорци од културното уметничко друштво Илинден од западен Сиднеј.

Насловот на сторијата гласи Горди на идентитетот, а покрај текстот за младите игроорци кои настапија и ги воодушевија сите на фестивалот на македонската храна стојат и неколку фотографии во чија позадина се гледа знамето со Сонцето од Кутлеш кое поради притисоците од страна на Грците, Македонија мораше да го смени.

Маркетинг
Фото: fairfieldchampion.com.au

Сонцето од Кутлеш на црвена позадина се наоѓаше на официјално знаме на Македонија се до 1995 година, кога поради спорот со Грција беше сменето.

MKUD Ilinden Western Sydney

Во прашање е древен македонски симбол кој беше пронајден во 1977 година, во Кутлеш (Егејска Македонија), на гробот за кој се претпоставува дека е на таткото на Александар Македонски, Филип II Македонски. Од тука овој симбол го носи и името Ѕвездата од Кутлеш или Сонето од Кутлеш и истиот може да се најде и на бројни други места низ Македонија (цркви, фрески, икони, монети, штитови пронајдени во археолошките ископувања, мозаици и сл).

Маркетинг

Овој симбол ставен на црвена основа го претставува етничкото знаме на Македонците и е употребувано насекаде каде што живеат етнички Македонци, а од неодамна е ставен и на официјалниот грб на Општина Пустец во Албанија каде што живее бројна македонска заедница која претставува над 98% од населението во овој регион.

MKUD Ilinden Western Sydney

Инаку, културното уметничко друштво Илинден постои само неколку години, но досега има постигнато бројни успеси и важи за едно од омилените на младите Македонци кои живеат во западен Сиднеј, Австралија.

Извор: Шило магазин, Гламур магазин, fairfieldchampion.com.au

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button