Реклама
Наши ѕвезди

Познатата српска водителка фатена во прегратки со поранешната МАКЕДОНСКА Гранд ѕвезда – и двајцата изгледаат пресреќно!

Реклама

Душица и Адам случајно се најдоа во исто друштво, па на социјалните мрежи можевме да видиме како се весела.

Фото: Инстаграм/ Душица Јаковљевиќ

Шармантната водителка на „Задруга“, Душица Јаковљевиќ, „фатена“ како се забавува со поранешниот задругар Адам Лабунски.

Како што пишуваат српските медиуми, тие случајно се нашле во исто друштво, па на социјалните мрежи можевме да видиме како се веселат и уживаат заедно во еден хотел во кој престојуваа цела вечер.

Маркетинг

Познатата српска водителка е заштитно лице на реалното шоу „Задруга“ уште од првата сезона, па досега многу пати се пишувало за нејзиниот однос со учесниците во шоуто. Таа самата во една пригода отворено зборуваше за тоа во каков однос е со познатите ријалити ѕвезди и зошто приватно не сака да се дружи со никој од нив.

Фото: Инстаграм/ Адам Лабунски

„На мене навистина учесниците во ријалитито не ми одговараат, немам контакт со нив. Не затоа што јас не се дружам, но моите пријатели навистина немаат врска со јавниот живот ниту пак се јавни личности“.

Маркетинг

„Живеам еден потполно обичен и секојдневен живот. Не се занесувам, за мене мојата работа е како и секоја друга работа само што мојот живот заради мојата работа е изложен на јавноста. Не се дружам со нив бидејќи сакам професионално да ја вршам мојата работа, па апсолутно да се фокусирам на тоа, за да не ми го сруши авторитетот дружењето со некој од нив. Ние секако можеме да се сретнеме, да поразговараме, да се видиме, па и да размениме некоја порака, зошто да не“, зборуваше своевремено убавата водителка за нејзината работа.

Фото: Инстаграм/ Адам Лабунски

Инаку, македонскиот пејач Адам Лабунски пошироката јавност го запозна пред повеќе од седум години кога прв пат се појави на малите екрани, како учесник во музичкиот натпревар „Пинк ѕвездички“.

Фото: Инстаграм/ Адам Лабунски

Многумина неговото пеење тогаш го споредуваа со Тоше Проески. Тој потоа се натпреваруваше и во „Ѕвездите на Гранд“, но по неколку месеци беше дисквалификуван заради судирот што го имаше со друг натпреварувач, со што ја изгуби шансата да стане нова „Гранд ѕвезда“.

Фото: Инстаграм/ Адам Лабунски

Фотографиите што овој пат осамна на неговиот профил покажуваат дека одлично си поминал со водителка која цело време не ја тргаше насмевката од нејзиното лице.

Инаку, Душица важи за едно од најпознатите телевизиски лица во Србија, особено затоа што е водителка на еден од најгледаните ријалити програми на целиот Балкан. Таа на публиката и е позната и како водителка на „Фарма“ и „Сé за љубов“, а на малите екрани се појави во 2003 година, кога имаше 22 години и учествуваше во квизот „Руски рулет“. Но од тогаш Душица драстично се промени, а има направено и неколку естетски корекции.

Фото: Инстаграм/ Душица Јаковљевиќ

Таа не крие дека често прави естетски зафати и дека ги има коригирано устата и градите, а има ставено и ботокс.

„Ги средив забите, устата и градите… Секоја жена подобро се чувствува кога нешто на себе ќе го направи подобро. Денес имам многу поголема самодоверба бидејќи сум задоволна од самата себеси“.

Фото: Инстаграм/ Душица Јаковљевиќ

„Ако некој ќе каже дека имам премногу операции, па нека каже. Не би можела да работам на телевизија да не исполнував некои критериуми“, изјави таа своевремено. Како Душица изгледаше некогаш и колку се има трансформирано низ годините, погледнете во продолжение:

Фото: Принтскрин/ Пинк

Фото: Принтскрин/ Пинк

Фото: Инстаграм/ Душица Јаковљевиќ

Фото: Инстаграм/ Душица Јаковљевиќ

Фото: Инстаграм/ Душица Јаковљевиќ

Фото: Инстаграм/ Душица Јаковљевиќ

Фото: Инстаграм/ Душица Јаковљевиќ

Фото: Инстаграм/ Душица Јаковљевиќ

Фото: Инстаграм/ Душица Јаковљевиќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button