Реклама
Наши ѕвезди

Познатата српска актерка пронајдена без свест во нејзиниот стан

Реклама

Детали за нејзината моментална состојба, како и причината зошто била во несвест се уште не се познати.

Не се знае ни колку долго лежела во несвест пред да ја пронајдат…

Маркетинг

Братот на познатата српска актерка Неда Арнериќ загрижен затоа што не одговара на телефонските повици пријави во полицијата и во станот брзо дојдоа полицајци, пожарникари и бравари, а кога влегоа ја затекнаа во несвест.

Неда Арнериќ во средата доцна вечерта беше префрлена во Воено-медицинската академија во Белград. Според медиумите, познатата српска актерка е во тешка состојба. Нејзиниот брат алармираше во полицијата дека Неда не одговарала на телефонските повици. Полицијата, пожарникарите и браварите брзо стигнале до станот.

Маркетинг

Вратата беше заклучена и клучот во внатрешноста на бравата, пренесува српскиот Телеграф. Браварот и пожарникарите влегле во станот и ја пронашле Неда без свест. Таа давала знаци на живот, а покрај неа имало и лекови. Веднаш беше префрлена во болница.

Иако некои медиуми објавија дека актерката се обидела да се самоубие, во моментов тоа се уште не е потврдено.

Инаку, пред три години актерката сериозно се повреди при пад од терасата во нејзиниот стан. Во средината на декември минатата година пак, почина нејзиниот сопруг д-р Милорад Мештеровиќ, а за тоа се дозна дури во јануари, бидејќи Неда тоа го соопшти само на најблиските пријатели.

Пред три години Неда падна од терасата на нејзиниот стан на третиот кат. Таа го повреди ‘рбетот и била згрижена во Ургентниот центар. Во тоа време, кога паднала, таа повреди три зглобови, вратот, ‘рбетот и градите.

Нејзиниот сопруг тогаш за медиумите изјави дека Неда не сакала да се самоубие, туку дека паднала од терасата додека ги простирала алиштата.

„Неда вчера дојде од деловен состанок по повод снимање на некоја серија, и се пожали дека е уморна. Заедно го гледавме мечот на Ѓоковиќ на телевизија, по што таа излезе на терасата да ги простре алиштата. Не знам што се случи, само во еден момент слушнав дека падна“ – изјави тогаш сопругот на Неда, сега покојниот доктор Милорад Мештеровиќ.

Инаку, Неда Арнериќ требаше да се појави на еден културен настан во средата вечерта, каде што беше прикажан нејзиниот филм, но таа не дојде.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button