Реклама
CelebrityНовости

Позади широката насмевка се крие голема болка – ќерката на Јулија се бори со тешка бoлecT – моќна порака до своето чедо

Реклама

Јулија Мациевска повеќе од 25 години е вљубеник во музиката и уметноста, таа има учествувано речиси на сите фестивали како во земјава така и во странство.

Јулија сите ја знаеме по нејзината насмевка ведрина и во сите нејзини изјави во јавноста луѓето наоѓаат мотивација за полесно и побрзо да се изборат со проблемите.

Маркетинг

Животот не и бил како на песна, таа многу млада останала вдовица и самата се грижела за својата ќерка.

По таа болка во нејзинот дом се роди нова среќа, нејзината внука која како што знае во една прилика да каже,  светот се врти околу нејзината внука со која слободното време секогаш го поминуваат заедно.

Маркетинг

Но како сето тоа да не било доволно, судбината повторно си поигрува со Јулија, нејзината ќерка Андријана (40) се бори со најтешката бо лест на 21 век.

И покрај ваквата страшна драма што и се случува во нејзиниот дом, вербата кон Бога е се посилна и верува дека овој тежок период нејзината ќерка ќе го надмине и ќе излезе вистински победник и норамлно ќе продолжи да си го живее својот живот.

На Андријана денеска и е рооденден, па Јулијана испрати една емотивна порака до неа, нема да останете рамнодушни од зборовите која мајката ги испраќа до нејзиното чедо.

-Овој роденден се разликува од сите досега, затоа што си ставена на големо искушение, а и ние со тебе, сонце наше. Ни претстои битка за која знам дека ќе ја изодиме, за која знам дека ќе победиме, како и многу пати досега. Ти, нежна, ранлива, никогаш прегласна, никогаш наметлива, во својот свет… Секогаш со разбирање и трпеливост за сите, секогаш спремна да голтне, никогаш да не повреди, никогаш да каже лош збор… Ти сонце мое, и сега кога ги трпиш најголемите болки велиш ќе биде добро, ќе помине… Велиш дури сега се соочив со стравот, дури сега го чувствувам Божјото водство, и знам дека ова е за мое големо добро. Ќе се спријателам со канцерот и потоа ќе се поздравиме како најдобри пријатели и ќе продолжиме секој по својот пат- пишува Јулија во роденденската порака за својата ќерка.

Оваа објава беше проследена со честитки и со искрени желби да добро здравје од многу голем број на пријатели и колеги на Јулијана.

Инаку Јулијана работи и како тренер за личен раст и развој, таа вели дека човек мора да научи сам да се мотивира, да не чека од никој друг.

– Мојата мотивација е јас да ги мотивирам луѓето со мојот пример, со моите искуства, добри навики, добри дела, убави едукативни и забавни емисии, со убави песни, со убави пораки… Јас се мотивирам од такви луѓе, од добри мотиватори, спиритуални, духовни луѓе, добри книги, претстави, искрени карактери, насмеани лица. Ме мотивираат моите идеи, кои ги гледам во пракса, или акција која еден ден станува пракса… добра и корисна.

Ме мотивира мојата мисија-спиритуално, духовно будење. Будење на свесноста, будење на Божественото во нас, за да се изразиме во сиот свој креативен потенцијал, изјави пејачката во една прилика за медиумите.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button