Реклама
Наши ѕвезди

Погледнете како денес изгледа БЛИЗНАЧКАТА НА БОКИ 13 – нема да ја препознаете

Реклама

Албанската пејачка и водителка, линијата ја доведе до совршенство и изгледа непрепознатливо.

Кога би ја виделе на улица сигурно не би ја препознале, доколку ја паметите само од минатото.

Маркетинг

По и РНБ пејачката и ТВ водителка Бесјана Касами во јавноста е позната како Биг Мама македонската публика ја запозна преку дружбите со Бојан Јовановски познат како Боки 13.

Маркетинг

Многумина ја нарекуваа и негова двојничка или близначка.Таа и Боки снимија и заедничка песна, „Холивуд“ во соработка со Ферус Мустафов со која сакаа да настапат на Евровизија.

Боки 13 и Биг Мама имаат уште нешто заедничко, а тоа истиот хируршки зафат. Со таа операција и двајцата успеаја да се збогуваат од вишокот килограми.

Биг Мама ослабе повеќе од 40 килограми без макотрпно вежбање и диета. Како и многу познати личности, таа подлегна под нож и направи операција на желудникот.

„Gastric banding“ претставува силиконски прстен кој се поставува на самиот влез на желудникот со што го дели желудникот на два дела, горен помал и долен поголем дел коишто меѓусебно комуницираат.

Со поставување на овој силиконски прстен во желудникот доаѓа до намалување на апетитот. Со поделбата на желудникот кога пациентот зема храна горниот дел на желудникот брзо се полни и се чувствува ситост со што треба да се престане внесувањето храна. Слабеењето оди постепено, а според податоците по операцијата се слабее и до 3 килограми месечно.

ФОТО: Бесјана Касами / Инстаграм

Благодарение на овој хируршки зафат убавата пејачка успеа да се ослободи од вишокот килограми.

Во интервју за медиумите таа кажа дека одлуката да ја направи оваа опеpација е најдобрата одлука што ја направила некогаш во животото. Оваа одлука ѝ го променила животот на подобро.

ФОТО: Бесјана Касами / Инстаграм

Но, иако се чини дека процесот е лесен и едноставен, пејачката го негира тоа и апелира на голема претпазливост.
Денес поставување на „gasric banding“ на желудникот, односно поставување на силиконски прстен на самиот влез на желудникот се прави и на неколку клиники во Македонија, а Биг Мама оваа операција ја направила во клиника во Турција, на почетокот од 2017 години.

ФОТО: Бесјана Касами / Инстаграм

Таа истакна дека мора да се биде внимателен со цената што ја нудат клиниките за оваа опеpација, бидејќи со цел да се помине поевтино и да се заштеди, пациентите би можеле да се соочат со сериозни последици доколку опеpацијата не биде добро изведена и тргне во лоша насока.

ФОТО: Бесјана Касами / Инстаграм

-Јас ја имав среќата да се опеpирам во Турција, кај доктор Керим Гузел, кој за мене е најдобриот во оваа област. Мислам дека колку операцијата ќе биде успешна најмногу зависи од докторот, иако можеби имаат влијание и други фактори. Кај мене се помина во најдобар ред, после мене на истата клиника се оперираа над 150 лица. Знам дека сите си заминале од таму среќни и задоволни. Моја препорака до оние кои се заинтересирани е да го направат зафатот таму, водена од сопственото искуство – вели пејачката и водителка за „Фокус“.

ФОТО: Бесјана Касами / Инстаграм

После опеpацијата таа можела повторно да јаде сѐ што ќе посака, но во драстично помали количини.

Ако порано можела да изеде цела пица, сега од две парчиња е веќе прејадена. Оваа опеpација ја научила да јаде почесто, но во помали количини.

ФОТО: Бесјана Касами / Инстаграм

Но, дека операцијата може да тргне на лошо пример е Боки 13. Тој во изминатиот период е актуелен по случајот „Рeкет“ поради што заврши за pешетки. Многупати неговите рочишта беа одложувани, затоа што тој се жалеше на силни бoлки во стомакот, предизвикани од несоодветно направената опеpација.

Биг Мама успешно плови и во новинарските води.

ФОТО: Бесјана Касами / Инстаграм

Ја води емисијата ,,Mama’s trip” на РТВ21 во Косово и на ТВ21 кај нас.

Во нејзините емисии секогаш гостуваат најпопуларните имиња во земјава и пошироко. Еден од нив беше и претседателот на Собранието, Талат афери. Биг Мама изјави дека претходно воопшто не ѝ се допаѓал како политичар и имала многу погрешно мислење за него.

ФОТО: Бесјана Касами / Инстаграм

Но, откако го запознала сфатила дека станува збор за исклучително забавен човек кој умее да се шергува на своја сметка.

На крајот од емисијата му поставила интересно прашање, за кое добила и одличен одговор. „Господине претседателе, по емисијата, ќе ме носите ли на кафе“, запрашала Биг Мама, а Џафери одговорил: „Секако“.

ФОТО: Бесјана Касами / Инстаграм
ФОТО: Бесјана Касами / Инстаграм
ФОТО: Бесјана Касами / Инстаграм
ФОТО: Бесјана Касами / Инстаграм
ФОТО: Бесјана Касами / Инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button