Реклама
Наши ѕвезди

Погледнете каква убавица е сопругата на Благоја Грујовски – и тој беше ФРАЕРИШТЕ во младоста, а и сега не е за потценување!

Реклама

Тој е еден од нашите најпопуларни и најхаризматични македонски пејачи.

Веќе долги години е дел од македонската музичка сцена и сѐ уште си ги одржува симпатиите кои ги има од домашната и странскатата публика.

Маркетинг

За него како времето да запрело, за него буквално може да се каже дека е вечно млад.

Оcвен што е одличен во својата професија, тој одлично и изгледа. За Благоја како времето да запрело. Нема разлика во неговиот изглед од почетокот на неговата кариера, па се досега. За тоа најверојатно најзаслужни се гените.

Маркетинг

Македонскиот фолк-пејач Благоја Грујовски потекнува од реномирано музичко семејство.

Тој е син на познатиот композитор, продуцент и долгогодишен главен и одговорен уредник во МРТВ, Мите Грујовски. Можеби малкумина знаат, но и неговиот брат Ташко исто така е музичар. Музичкиот талент го наследиле од својот татко.

ФОТО: Благоја Грујовски / Фајсбук

Во интервју за емисиата Магазин на сител телевизија откри многу работи од приватноста кои повеќето не ги знаевме.
Големиот христијански празник Велигден, пејачот кажа дека го поминал на планина на чист воздух, кој му бил препорачан по битката со Ковид 19.

-На чист воздух, тоа и ми беше препорачано иако јас еве веќе подолго време сум во така наречениот најчист воздух во Лисиче. Појдов малку и до планината Бистра, во Леуново и таму одморив 2-3 дена, кажа пејачот.

ФОТО: Благоја Грујовски / Фајсбук

Пејачот пред два месец го прележа вир-усот Ковид 19 со тешка кли-ничка слика.

-Не беше онака како што јас замислував. Има вубедување дека короната е ништо особено, некоја нас-тинка, грип. Така и почна, меѓутоа се покажа дека може да биде и многу повеќе и поопа-сно.

Јас ја видов короната од понеубавата страна. Имав помош и од стручни лица, и од фамилијата и од Господ. И јас максимално ги вложив сите сили да издржам за да не паднам, затоа што беа критични моменти.

Се работеше на дишење на шкрги. Веќе поминаа два ипол месеци, читам разни искуства, знам дека има и придружни симптоми имав и јас, преп-отување, бо-лки во зглобови, на периоди се јавуваат, меѓутоа прифатив како некоја постк-овид фаза, раскажа пејачот.

ФОТО: Благоја Грујовски / Фајсбук

Пејачите веќе две години се без ангажман поради пандемијата и многумуна од нив се одлучија за промена на професијата. Благоја зборуваше и како тој е снаоѓа во ова кризно време.

-Како и сите. Не е баш пријатно. Напротив е многу непријатно за луѓе активни, професионалци, да немаат ангажман, да седат дома. Иако ние не сме специјализирани за друго нешто, повеќето почнуваат нешто друго да работат. Јас сум квалификуван за новинарство, меѓутоа јас сум долго време во музиката и не сакам да е вратам назад.

Имаше препораки на социјалните мрежи да чистиме скали, да работиме во нива. Не е лесно и на никој не посакувам да остане во таква ситуација, да работи нешто долго време и на 40-50 години присилно да се направи драстична промена.
На сите луѓе им фали дружење, сакаат забава, рече пејачот и раскажа за периодот кога работел како новинар.

ФОТО: Благоја Грујовски / Фајсбук

-Новинарството во секој случај е убава фаза од мојот живот. Студирав новинарство овде во Скопје. Новинарите по дефиниција треба да бидат универзални незнајковци. Мислам дека многу ми помогна во некои делови. Имав искутво во македонско радио 15-16 години професионален стаж. Мило ми е што тоа го поминав.

Првата фаза беше работа во смени. Убави спомени имам, меѓутоа таа фаза заврши во 2004 година. Дојде момент кога се одлучив за музиката и сега нема враќање назад. Не корона, 100 корони да има јас ќе си останам музичар.

Новинарството слабо го следам. Телевизија не гледам. Фокусиран сум во музиката. Во музиката сум најкритичен кон себе. Најважен сум си јас, како јас изведувам. Знам да ценам музичари и знам дека има и многу подобри, рече Благоја.

ФОТО: Благоја Грујовски / Фајсбук

Последниот настап кој го имал тој бил минатата година.

-Она последно беше 8 март во Прилеп, забава за прилепските дами. Тоа беше за жал последниот музички настан на кој што настапуав. Цела 2020 година што беше букирано се беше откажано. Почнувајќи од турнејата во Австралија. Една недела пред тоа сѐ се затвори. Среќа што не отидовме, не ќе можевме да се вратиме, откри тој.

ФОТО: Благоја Грујовски / Фајсбук

Грујовски е долго време на сцената, но интересот за него никогаш не стивнува кај публиката.

-Сфатив една работа, треба човек да има една линија, да не се расплинува, стислски. Публиката се навикнува на еден стил и очекува тоа што го правиш да продолжиш да го правиш. Така е и во светот. Препознатливост, оригиналност, да бидеш свој, да не имитираш други. Ми е жал кога нашите млади уметници изведуваат српски песни. Не можеш да создадеш имиџ со туѓи песни, вели тој.

ФОТО: Благоја Грујовски / Фајсбук

Она што малкумина го знаат за него е дека во младоста тренирал бок-с.

-Ретко кој знае. Дури и јас сум заборавил.Во гимназиските денови точно е дека тренирав бо-кс. Токму во Сител, во старата трибина на Градскиот стадион, во 70-те гоинид јас бев гимназијлец и тука дојдов кај тогашните тренери.

Обожавам б-окс и на јутјуб гледам, но не се занимавам повеќе. Требаше да одам и на југословенско сојузно првенство. Учествував тука на македонското, требаше да одам и во словенско. Но, фатив жо-лтица и морав да прекинам со спортот. Тогаш почна да свирам саксофон и станав музичар, кажа Благоја.

ФОТО: Благоја Грујовски / Фајсбук

Освен посветен на професијата, тој е посветен и на семејството. Има два сина.

Она што на публиката ѝ е добро познато е ека беше во брак со некогашната Мис Македонија и презентерка Татјана Стојановка, со која го има и синот Матеј.

ФОТО: Благоја Грујовски / Фајсбук

Тања и Благоја се разведени поеќе од една деценија, но и понатаму имаат добар, пријателски однос и се во комуникација. Она што најмногу ги врзува е нивниот син, кој порасна во прекрасно момче.

Сега ужива во љубовта со поубавата половина Ирена, со која исто така има син – Марко.

ФОТО: Благоја Грујовски / Фајсбук

Таа ретко се појавува во јавност, па секоја нивна заедничка фотографија преставува изненадување за фановите.
Имено, малкумина знаат како изгледа сопругата на познатиот пејач која од него е помлада 20 години. Тој е среќно оженет со својата сопруга Ирена, со која го има синот Марко, но со неа ретко се појавува во јавност.

Таа му го освои срцето и во 2009 година застанаа на лудиот камен. Но, својата приватност скржаво ја чуваат од медиумите и не сакаат публицитет.

Тие претходно беа во врска две и пол години, а Ирена беше во шестиот месеци од бременоста на свадбата.

ФОТО: Благоја Грујовски / Фајсбук

Што се однесува до тоа дали неговата сопруга е љубоморна што постојано е во друштво на убави девојки тој вели дека има убав соживот со своите колеги и колешки кои ги доживува како браќа и сестри, па неговата сопруга не е љубоморна и добро ја разбира професијата што ја работи.

За своите синови пејачот вели дека сепак нема да тргнат по неговите стапки затоа што покажуваат интереси за други работи.

ФОТО: Благоја Грујовски / Фајсбук

-Не можам да кажам дека сум строг татко, имам моменти кога сум изнервиран, па ќе свикам. Со големиот син нема потреба да сум строг. Тој е веќе дипломиран. Малиот, уште имаме доста за рсправија, има 11 години уште се расправаме со школо, сака да игра многу нинтендо.

Талент не сум забележал дали имаат за музика, не ги интересира музика. Очигледно нема да одат по моите стапки. Ќе покаже времето, заклучи пејачот.

ФОТО: Благоја Грујовски / Фајсбук
ФОТО: Благоја Грујовски / Фајсбук
ФОТО: Благоја Грујовски / Фајсбук
ФОТО: Благоја Грујовски / Фајсбук
ФОТО: Благоја Грујовски / Фајсбук
ФОТО: Благоја Грујовски / Фајсбук
ФОТО: Благоја Грујовски / Фајсбук
ФОТО: Благоја Грујовски / Фајсбук
ФОТО: Благоја Грујовски / Фајсбук
ФОТО: Благоја Грујовски / Фајсбук

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button