Реклама
Наши ѕвезди

Пејачката Сара Мејс за првпат проговори за КРИЗАТА во бракот: „Не ни одеше, беше да се биде или не“

Реклама

Младата, но многу успешна, пејачка и харфистка Сара Костадиновска, во јавноста позната како Сара Мејс е повеќе од три години во брак со водитело Димитар Атанасовски.

Сара и Димитар важат за еден од најскладните парови во земјава. есто на социјалните мрежи споделуваат и приватни фотографии и ги споделуваат убавите моменти и со фановите.

ФОТО: Сара Мејс/ Инстаграм

Тие се венчаа во 2017 година и направија традиционална венчавка со сите македонски обичаи.

Маркетинг

Младата невеста избра тесната венчаница со впечатливи транспарентни делови која истакна нејзината линија, а пак долгата коса придонесе за ултра впечатлив ефект.

На веселбата која се случи во еден познат скопски ресторан присуствуваа многу гости, меѓу кои секако и доста колеги од шоу-бизнисот како од страната на мледоженецот, така и од кај невестата.

Маркетинг
ФОТО: Сара Мејс/ Инстаграм
ФОТО: Сара Мејс/ Инстаграм
ФОТО: Сара Мејс/ Инстаграм
ФОТО: Сара Мејс/ Инстаграм

Круна на нивната љубов е секако нивната ќерка Илина.

ФОТО: Сара Мејс/ Инстаграм

Илина расте во прекрасно девојче, а гордите се трудат секој момент да го поминат заедно со неа. Сара и Димитар често споделуваат и фотографии од неа.

ФОТО: Сара Мејс/ Инстаграм

Во интервју за „Гламур“, Сара откри колку се променила откако станала мајка.

„Највеќе си ја чуваме јас и Димитар па така не пропушатме ниту еден нов момент од нејзиното созревање. Тука се и нашите родители, братучетка ми или прабаба и’, така што, од сите страни е во добри раце ? а дали сум сменета? Па, не знам…. мислам дека да, но позитивно… Открив нова димензија ЉУБОВ…. #Илина“ вели Сара.

ФОТО: Сара Мејс/ Инстаграм
ФОТО: Сара Мејс/ Инстаграм

На прашањето каков сопруг е Димитар, Костадинова вели:

Уф. Тешко прашање. Мажот секогаш мисли дека дава се од себе, а на жената никогаш не и е доволно. Помага, а највеќе кога е одморен. Одличен татко е, Илина го обожава. Исто и сопруг. И жена му така„ вели Сара за „Гламур“.

ФОТО: Сара Мејс/ Инстаграм
ФОТО: Сара Мејс/ Инстаграм

И покрај тоа што на гледачите им изгледа како да во нивното семејство нема кризи ниту проблеми, Сара за првпат во емисијата „Жешко столче“, проговори за кризата во бракот со водителот Димитар Атанасовски.

Не ни одеше. Да речам имавме една брачна криза, тоа беше лани. Неколку месеци морам да признаам беше тешко. Беше да се биде или не. Сега вака после една година не можам да бидам сигурна и да го детектирам проблемот, ама мислам дека и на двајцата ни беше голема промена моментот кога станавме родители. Улогата да бидеме родители ни дојде отповеќе, ни беше нејасно, бевме збунети…, рече во својата прва интимна исповед Сара и додаде дека и покрај се многу е благодарна за се што и се случило бидејќи и било голема животна лекција.

Научив како да ми е поубаво на самата себе, како да му е поубаво на моето семејство, како повеќе да ги разбирам другите…, додаде Сара.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button