Реклама
Наши ѕвезди

Пандемијата му донесе финансиска криза на Наум Петрески: „Живееме од платата на жена ми, во минус сум 60.000 евра“

Реклама

Наум Петрески е еден од најпопуларните и најангажираните пејачи на македонската музичка сцена.

ФОТО: Наум Петрески / Фејсбук

Скоро и да не постои човек кој напамет не ги знае неговите песни. Зад себе има ризница хитови, многу настапи, концерти и гостувања во дијаспората.

Роден е во Охрид во 1966 година, а детството го поминува во Лабуништа од кадешто потекнува неговото семејство.

Маркетинг
ФОТО: Наум Петрески / Фејсбук

Првиот јавен настап го имал на 7-годишна возраст, како претставник од Македонија на деветтата меѓународна смотра на фолклорни друштва во Загреб. До ден денес Петрески остварил многу успеси на музичко поле и секогаш останал доследен на корените на македонската фолклорна музика.

Настапувал на речиси сите фестивали во Македонија и на голем број во странство, а одржал голем број на концерти ширум светот.

Маркетинг
ФОТО: Наум Петрески / Фејсбук

Испеал многу антологиски македонски песни, меѓу кои „Филизо, моме Филизо“, „Ајде сонце зајде“, „Зајди, зајди јасно сонце“ и други. Едни од неговите најголеми хитови се: „Жал за Деспина“, „Има ли песна“, „Лазарополе“ и други. Досега објавил 4 албуми, а последниот, со кој го одбележал 25- годишниот јубилеј, го реализирал во 2010 година под наслов „Оди ѕвездо“.

Пред оваа коонакриза, Наум беше еден од најангажираните пејачи, а вистинско задоволство и чест е таков голем пејач да се слуша во живо.

ФОТО: Наум Петрески / Фејсбук

Во емисијата „Еден на еден“ тој искрено кажа и колку изнесува најголемиот бакшиш кој некогаш го земал.
„Тоа беше многу одамна, во Вечани. Вечерта земавме околу 12.000 марки и околу 3.500 швајцарски франци“, раскажа Наум.

ФОТО: Наум Петрески / Фејсбук

Наум е долги години во брак со популарната пејачка и водителка Зуица Лазова. Од бракот со неа ги има синот тефан и ќерката Македонка, а од првиот брак ќерките Сања и Анастасија.

Неговата ќерка Анастасија тргна по неговите стапки и стана пејачка. Анастасија има специфичен глас со кој плени и извонреден талент.

ФОТО: Наум Петрески / Фејсбук

Нејзиниот татко е нејзината најголема поддршка, а сигурни сме дека за неа допрва ќе слушне Балканот, ако не и светот.

ФОТО: Наум Петрески / Фејсбук

Поради коронавирусот запре целиот свет. Животот на многумина целосно се промени.

Се затворија училиштата, се затворија угостителските објекти, се воведоа нови мерки. Носењето заштитна маска, одржувањето физичка дистанца и забраната за групирање во затворен и отворен простор се мерките кои мораме сите да ги почитуваме.

Најпогодени од оваа криза се секако угостителите, но и музичарите кои повеќе од една година немаат настапи и никакви ангажмани.

ФОТО: Наум Петрески / Фејсбук

Помина точно една година од првиот регистриран случај на коронавирус во Македонија, но работите воопшто не се променети.

Пејачите се без работа, а со самото тоа и без пари. Многумина од нив одлучија да ја променат професијата и да се обидат со некоја друга работа која ќе им донесе финансии за егзистенција на нивните семејства.

Угостителите, фотостудијата и музичарите пред неколку дена излегоа на протест во Скопје побараа да се укине забраната за работа на рестораните за свадби и други свечености и да работат по одредени протоколи. Тие се незадоволни од петтиот пакет антикризни мерки, во кој, како што изјавија, се заборавени од страна на Владата.

ФОТО: Наум Петрески / Фејсбук

Наум Петрески е еден од најгласните музичари кои отворено зборуваат и се противат на мерките воведени од Владата.
Тој на својот Фејсбук профил напиша и статус во кој го изрази својот револт, но откако неговото мислење предизвика бура на реакции и полемики, но и поддршка од колегите, тој одлучи да го избрише.

„Од денеска јавно им кажувам на властите дека повеќе не седам во карантин заради нивната очигледна неспособност да се справи со обичен грип кој ни го наметнуваат како опасен. Опасен – да, за луѓето со попречен имунитет, е на тие луѓе ставете ги во карантин, а не за сите нас. Кој ли вас ве стави на власт????“ – напиша Петрески во април минатата година, но откако медиумите го објавија неговиот статус, истиот набргу го снема од неговиот Фејсбук профил.

ФОТО: Наум Петрески / Фејсбук

Сакајќи да им помогне на пејачите Владата одлучи да им даде еднократна парична помош од две минимални плати – 21.776 денари, но Наум иако невработен и без настапи, сепак бил одбиен. И покрај тоа што ги собрал сите документи и член е на ЗЕУМ, тој не добил финансиска помош од државата.

-Веројатно не заслужувам. Според нечии критериуми ниту сум добар пеач, ниту, пак, сум придонел за заслуга на државата. А можеби и политички не одговарам, изјави Наум.

ФОТО: Наум Петрески / Фејсбук

Тој во естрадниот магазин „Бекстејџ“ откри како ги поминува деновите на пандемијата. Вели најважното време на светот е времето кое го одвојуваме за себеси. Покрај пеењето, слободното време го поминува правејќи работи кои го прават среќен.

ФОТО: Наум Петрески / Фејсбук

Лов, риболов, дружење со пријатели. Вели дека дружењето не изостанува и покрај пандемијата.
Најмногу го усреќува неговата пасија – риболовот. Тој откри и дека во Амеика на -22 степени уловил пастрмка речна од 5 килограми и 800 грама, што му оставило најголем впечаток.

ФОТО: Наум Петрески / Фејсбук

Наум се пожали и на моменталната ситуација со коронавирусот и откри дека панемијата му донела финансиски минус.
„Секако дека е тешко. Скоро година дена како сме без настапи, преживуваме некако без музика. Меѓутоа не е лесно. Финансиски некаде сум преку 60-70.000 евра во минус. Живееме со плата и пензија од мајка ми и од жена ми и од нешто што сме имале од порано. Меѓутоа тежок е животот секако, целата економија е упропастена. Не знам како ќе се извлечеме од оваа ситуација. Немам добар поглед кон иднината“, изјави Наум за Бекстејџ.

Тој сепак не мирува и откри дека подготвува нова песна која ќе се вика „Гнездо“, а е посветена на целата оваа ситуација во Македонија и иселувањето на младите од татковината.

ФОТО: Наум Петрески / Фејсбук

ФОТО: Наум Петрески / Фејсбук
ФОТО: Наум Петрески / Фејсбук
ФОТО: Наум Петрески / Фејсбук
ФОТО: Наум Петрески / Фејсбук

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button