Реклама
CelebrityНовости

Од мажи со влакна на нозете до мирисот на храната и децата – листа со најомразените работи на најголемиот хејтер на светот, Карл Лагерфелд

Реклама

Карл Лагерфелд почина на 86-годишна возраст.

Познатите се присетија дека тој бил најомилениот „хејтер“ во светот на ѕвездите, а портал complex.com во 2015 година составил “листа на работи што ги мрази Карл Лагерфелд”.

Маркетинг

Списокот е долг и живописен, а пред сè полн со духовити и саркастични изјави на покојниот Лагерфелд.

Аматерски фотографии

Не, тоа не е хоби. Не, јас мразам непрофесионалност. Тоа е професија, имам персонал со пет асистенти и големо студио.

Маркетинг

Непристојни, ниски мажи

„Мразам непристојни, грди луѓе … Од сите мислам дека најлоши се ниските мажи”.

Деведесеттите години

Тој никогаш не кажа зошто, но се претпоставува дека тоа се должи на љубовни пробелми

Спомнување на имиња на познати личности

„Мразам потенцирање на некои имиња. Не познавам многу непознати луѓе, а?”

Мирисот на храната

„Го мразам мирисот на готвената храна”.

Месо

„Повеќе сакам риба од месото, всушност, го мразам месото”.

Деца

„Тоа е последното нешто што го сакам. Ги мразам сите деца”.

Патување

„Јас не сум патник, го мразам тоа”.

Допри од непознатите луѓе

„Не можам да летам со авион бидејќи луѓето зјапаат во менем и ме допраат. Го мразам тоа зашто не можам да поднесам да ме допираат непознати луѓе”.

Состаноци

„Јас не одам на состаноци, немаме состаноци во Шанел. Ние го правиме она што го сакаме во Шанел како и во Фенди”.

Интелектуални разговори со интелектуалци

„Мразам интелектуални разговори со интелектуалци, бидејќи само мое мислење ми е важно, но сакам да ги интерпретирам апстрактните конструкции на умот”.

Некои богати луѓе

„Мразам богати луѓе кога се обидуваат да станат социјалисти или комунисти. Мислам дека е глупаво”.

Хартија и молив

„Мразам кога во мојата рака нема хартија и молив. Пишувам како што зборам, можам да го префрлам истото на хартија како што зборувам”.

Апостолки

„Ги мразам опуштените чевли. Мразам апостолки, физички сум алергичен на нив”.

Кога мажите ги прекрстуваат нозете и се гледаат нивните чорапи и влакна

„Сакам чорапи, но само до колена. Мразам коаг маж ќе прекрсти нога и му се гледаат неговите влакна, чорапи и панталони – тоа е најлошото”.

Концепт работа

„Ја мразам идејата за работа. Работа е кога имате здодевна работа за да заработите да за живот”.

Селфи

„Во мојот живот најмногу мразам селфи”.

Грди луѓе

„Мразам грди луѓе. Тоа е толку депресивно”.

Луѓето кои зборуваат за нивните болести

„Не сум доктор!”

 

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button