Реклама
Опа!

Овој Господин Совршен има 26 години и се уште е невин – „Ја чекам вистинската!“

Реклама

Американскиот Господин совршен Колтон Андервуд отворено призна дека иако има 26 години се уште е невин. Иако поранешниот американски фудбалер истакна дека не сака да се направи голема работа од тоа, продукцијата на шоуто одлучи да го направи токму спротивното.

„Иако имам 26 години јас се уште сум невин, но тоа е само мал дел од она што сум јас”, изјави тој во најавата на шоуто што почна да се прикажува на 7 јануари.

Маркетинг

„Многу време посветив на фудбалот. Толку многу што го запоставив приватниот живот. Заради тоа се уште не сум ја изгубил невиноста. Тоа е една од оние работи за кои што не зборувам многу. Не ми е лесно да зборувам за тоа”, вели тој, но подоцна поприлично се расприкажа за тоа.

https://www.instagram.com/p/BrEmcA-HVX4/

 

„Не ја чекам свадба, чекам да се вљубам. Чекам да почувствувам дека е вистинско време”, изјави тој отворено пред камерите за неговиот љубовен статус.

Некои гледачи се побунија дека неговата невиност премногу се става во преден план. „Претераа со неговата девственост, се откажувам” вели еден на Твитер.

 

„Никому не му пречи тоа што е невин. Ни пречи тоа што сé се врти околу тоа дека е девица. Не е проблемот само тоа што го искористуваат и што е непристојно, туку е и многу иритирачки и здодевно” ја коментираат револтираните гледачи популарната ријалити емисија на социјалните мрежи.

https://www.instagram.com/p/Bl6mNWYnNPy/

 

Некои, исто така, го споменаа и плакатот со кој го најавуваат шоуто, а на кој стои: „Што има тој да изгуби?“

https://www.instagram.com/p/BqNdKuPgPTF/

 

Поврзано

Back to top button