Реклама
Вирално

Ова приморско гратче во Хрватска немаше огномет за Нова година – парите ги донираа за детската градинка и Брзата помош

Реклама

Мали Лошињ оваа година се приклучи на дестинациите во Европската унија која во 2020 влегоа без огномет. Парите што порано ги трошеле за ова ќе бидат пренаменети за набавка на потребна опрема и медицински помагала за Домот на здравје и Заводот за итна медицина на Мали Лошињ.

Фото: 123RF

„Нашата желба е на домашните миленици кои се плашат од звукот на експлозивните направи да им обезбедиме помирна новогодишна вечер“, изјави градоначалничката на ова бајковито место во Хрватска, Ана Кучиќ, за Морски.хр, а пренесе порталот Индекс.хр

„Искрено не очекував олку голем медиумски интерес за нешто што веќе помина, но ќе ви кажам дека одлуката ја донесовме по игра на случај и малку неплански. Имено, веќе неколку години мака мачиме со логистика и слични детали околу организација за дочек на Нова година, а бидејќи работиме на сите полиња за одржлив развод оваа година одлучивме да му дадеме поддршка на Друштвото за заштита на животни, но и децата да ги заштитиме од негативните влијанија на пиротехниката“, додаде таа. Како што вели, сакале да дадат до знаење дека огнометот и петардите не се нужни за дочек на Нова година.

Маркетинг

„Десет години по ред декември во Мали Лошињ е одбележан со хуманитарна нота, односно собирање на средства. Сакавме да ги насочиме средствата за да набавиме медицински апарат кој што ќе им го олесни животот на нашите граѓани, но и на гостите. Огнометот ќе не чинеше околу 250.000 денари а толку чини отприлика и апарат за тестирање на крвта. Преку викенд нашите лаборатории не работат па тој апарат би бил поставен во амбулантата на брзата помош. Во фаза сме на негова набавка и во следните 10-на дена Градот ќе додаде средства ако затребаат. Другите средства се собрани со хуманитарни акции. Со парите што ги собравме обезбедивме дидактичка опрема за детската градинка со јасли, како и прецизни хируршки инструменти за хируршката амбуланта“.

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button