Реклама
Наши ѕвезди

Ова е неговата тајна: Диетата со која Дарко Лазиќ ослабе 62 килограми

Реклама

Дарко Лазиќ успеа во последниве неколку месеци да ослаби дури 64 килограми, а за неговиот изглед постојано се зборува. Пејачот освен што го оперираше желудникот, мораше да премине на посебен режим на исхрана.

Дарко поради операцијата на желудник потполно мораше да ја смени исхраната, а тоа резултираше со потполно нов изглед на неговото тело.

Маркетинг

Посебната диета која Дарко и сега мора да ја почитува подразбира внесување на калории и протеини, што се постигнува со конзумирање на повеќе мали оброци.

На неговото мени е висококалорична храна како што е на пример: путер, потоа високопротеински производи – месо, риба, јајца, сирење, јогурт, млеко во прав, путер од кикирики.

Маркетинг

Овој начин на исхрана подразбира и овие намирници по операцијата и овие намирници да се јадат една по една, во мало количество и посебно.

Се препорачува шест до осум мали оброци дневно, како и тоа секогаш при рака да има некакви „грицки’ како што се: сирење, крекери, јогурт.

Според менито кое Дарко го почитува, треба да се бираат намирници со помало количество на влакна – до 2 грама по оброк, како што се преработени житарки, брашно, ориз и тестенини.

Не треба да се пијат напитоци за време на оброкот, туку да се почека 30 до 60 минути, а намирниците кои треба да се избегнуваат се жилаво месо, свеж леб, житарици со цели зрна, овошје и зеленчук со кора, лушпа и семки.

Баријатриска хирургија

Со баријатриска хирургија се лечи екстремната дебелина така што се намалува обемот на желудникот.

Пациентот по операцијата не може да внесува во организмот големи количини на храна, му се намалува апетитот и благодарение на тоа полека ги губи килограмите. Во просек се губат од 2 до 7 килограми месечно, а процесот на слабеење трае се додека пациентот не ја достигне тежината која е 3 % поголема од идеалната.

Операцијата се изведува лапароскопски, што значи:

Минимален рез, Слаба постоперативна болка, Брзо воспоставување на нормална работа на цревата, Намален ризик од инфекции, Речиси невидливи белези, Краток престој во болницата, Брзо закрепнување.

Неколку општи информации

Целосното закрепнување по операцијата трае неколку недели, а ако пациентите се придржуваат до советите на докторите, првите резултати ќе бидат забележани за само неколку дена по зафатот. Првите четири недели се јадат само течни намирници, како што се супи, чај, негазирани и пијалаци без шеќер.

Потоа се преминува на кашеста храна и полека се враќа на редовната исхрана, само што се јаде многу помалку.

Силиконскиот прстен се поставува околу горниот дел од желудникот и едноставно му овозможува на пациентот да јаде многу помалку од претходно. Операцијата се заснова на тоа што со собирањето на горниот дел од желудникот се создава мал горен џеб, каде храната застанува, па се создава чувство на ситост и пациентот со време се учи на помали порции. Прстенот е направен од силикон и не му пречи на организмот, велат докторите.

И откако еднаш ќе се постави, прстенот може да се стегне или опушти, што зависи од количината на храната што сакаме да ја ограничиме при внесување во организмот.

Колку е опасна оваа операција?

Поради проблемите со дебелината на популацијата, во некои земји оваа операција е потполно бесплатна. Па така во Британија на пример, бидејќи цената за успешното изведување на истата е мошне висока, Британската национална здравствена служба мора да го ограничи бројот на операциите што значи ако не сте доволно дебели, ќе мора да платите за операцијата.

Од друга страна бидејќи многу здравствени проблеми се појавуваат токму поради дебелината, многу доктори ја препорачуваат оваа операција. Истата е препорачлива за оние кои имаат индекс на телесна маса поголем од 40 кг/м2, кога дебелината е проследена и со дијабетес, пореметено дишење во сонот (sleep apnea синдром), тешки оболувања на зглобовите, тешки психолошки проблеми, како и на лицата кои по успешно намалување на телесната тежина со диета, повторно ги вратиле изгубените килограми.

Со самото слабеење најчесто доаѓа и до значително подобрување на состојбата на придружните болести. Па така кај лицата кои боледуваат од инсулин на независен тип на шеќерна болест (dijabetes melitus), операцијата придонесува да дојде до подобрување на регулацијата на шеќерот во крвта.

Како и кај секоја друга операција, така и кај оваа постои ризик да настанат компликации. Па така тоа најчесто се инфекција, крварење или формирање на крвни згрутчувања во длабоките вени на нозете и последични градни емболии. Исто така постои ризик од настанување на камен во жолчното ќесе или настанување на анемија или остеопороза.

Постои и ризик од опструкција (блокирање) на минувањето на храната, што може да донесе до болки во стомакот, мачнина или повраќање, потоа пад на прстенот, инфекции, враќање на киселината од желудникот во хранопроводот, како и ширење на хранопроводот доколку се внесуваат поголеми количини на храна од оние кои се дозволени.

Според податоците опасност по животот на пациентот кај ваквите операции се движи околу два отсто кај младите лица, додека кај постарите се искачува на 11. Компликациите по таквите зафати се значително почести и според светските податоци изнесуваат од 11 до 15 отсто.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button