Реклама
Наши ѕвезди

Нора од Ирак и Боби од Куманово се разделија – таа ја прифати православната вера, но нивниот брак НЕ успеа

Реклама

Не успеа љубовта помеѓу Нура од Багдат и Боби од Куманово

Пред две години, кога во медиумите беше објавена љубовната приказна помеѓу емигрантката од Ирак, Нура Аркавази и кумановецот Боби Додевски, јавноста беше воодушевена од нивната романса бидејќи изгледаше како приказна од филм. Тие се запознаа во Центарот за емигранти во Табановце, каде Нура заедно со своето семејство била сместена.

Маркетинг

Таа заедно со семејството морала да го напушти Ирак откако нејзиниот татко бил киднапиран од ИСИС и барале откуп со висока сума на пари. Семејството на Нура за да се спасат и да избегаат од Багдат морале да потрошат преку 80.000 евра, а на патот кон Германија, во Центарот за емигранти во Табановце случајно ќе го сретне царинскиот службеник Боби Додевски кој на македонската публика и е познат по хумористичната ТВ серија „Нема љутиш“. Тие ќе се вљубат на прв поглед, но бидејќи се од различна религија, семејството на Нура се противеше да го признае нивниот брак.

Младата Ирачанка со курдско потекло бидејќи знае 5 јазици беше вработена во црвениот крст на Табановце. Кога влезе во брак со Боби ја прифати православната вера, но пред една година, откако му роди син на својот сопруг, решија да се разделат и таа повторно се врати во Ирак.

Маркетинг

Пред да замине, Нура рекла дека се враќа во својата родна земја бидејќи сега е помирно и дека сака на тој начин да им помогне на мигрантите во нејзината земја. Боби за „Фокус“ ги потврди гласините дека веќе цела година не се заедно, но не сакаше повеќе да коментира на оваа тема.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button