Реклама
Вирално

Нови истражувања кои го потресоа светот: Откритие за коронавирусот и имунтетот кое никој не го очекуваше

Реклама

Резултатите од последната фаза на националното истражување на антитела покажуваат дека околу 5,2 отсто од шпанската популација биле изложени на новиот коронавирус, рекоа здравствените власти, потврдувајќи ги наодите од различни фази.

Студијата, во која се тестирани речиси 70.000 луѓе ширум Шпанија три пати во последните три месеци, откри дека распространетоста на вирусот не се променила значително од кога прелиминарните резултати се објавени во мај, пренесува Ројтерс.

Маркетинг

Студијата сугерира и дека имунитетот на вирусот може да биде краткотраен, бидејќи 14 отсто од учесниците кои биле позитивни на антитела во првата фаза, во последната фаза биле негативни.

 

Маркетинг

– Имунитетот може да биде непотполн, може да трае само кратко време, а може и да исчезне, рече доктор Ракел Јоти, директорка на шпанскиот Здравствен институт Карлос III, кој ја водеше оваа студија.

Загубата на имунитетот, како што се најведува, е најчесто кај луѓето кои никогаш не развиле симптоми.

Само пет проценти од 61.000 учесници во студијата развиле антитела на коронавирусот, според студијата објавена во научното списание „Лансет”, која делумно било финансирано од шпанското Министерство за здравство.

Студијата покажа дека околу една третина од заразените со коронавирусот биле асимптоматски, што, велат авторите, има „важни импликации врз јавното здравство”.

„Во моментов, имунитетот на стадо е тешко да се постигне без да се прифати колатерална штета, т.е. бројни смртни случаи кај популацијата под ризик и без преоптоварување на здравствените системи”, велат истражувачите.

„Некои експерти проценија дека серопреваленцијата од околу 60 проценти може да значи колективен имунитет. Сепак, ние сме далеку од тоа да ја достигнеме таа бројка”, изјави водечкиот истражувач Марина Полан за Си-Ен-Ен.

Студијата наведува дека резултатите укажуваат на потребата да се одржат мерки за физичко растојание и да се продолжи да се идентификуваат и изолираат нови случаи и нивните контакти „за идна контрола на епидемијата”.

Авторите тврдат дека не е јасно дали некое лице заразено со коронавирус кое не развило антитела може повторно да се зарази. Истражувањето почна во април, додека Шпанија беше во строг карантин.

Шпанија е една од најтешко погодените европски земји, со повеќе од 28.000 смртни случаи и 250.000 случаи на инфекција со новиот коронавирус.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button