Реклама
Хороскоп

Не можете да ги заведете – мажите во овој хороскопски знак се најтешки за освојување

Реклама

Го прогонувате со месеци, но тој воопшто не ве забележува? А дали го прашавте што е во хороскоп?

Всушност и не морате. Најверојатно е Стрелец.

Маркетинг

Мажите родени во овој хороскопски знак најмногу ги одбиваат жените што се нестрпливи. Еден од славните претставници на овој знак е и холивудскиот актер Бред Пит кој успешно игнорира милиони додворувачки.

Стрелците всушност најмногу се ложат на оние девојки што од нив бегаат. Секогаш кога претставник на овој знак ќе почувствува дека некоја жена воопшто не го забележува, тој тогаш најмногу полудува од страст.

Маркетинг

Затоа најдобро е да не му посветувате многу внимание, па дури и кога тој прв ќе ви пријде. Игнорирајте го некое време, почекајте тоа да се повтори барем уште еднаш или два пати и дури тогаш согласете се да се видите.

Мажот Стрелец, знае како да ве избезуми

Врска со слободен дух, каков што е мажот роден во знакот на Стрелец, не едноставна. Тој брзо и често се заљубува, но тешко се одлучува за цврста врска, но кога ќе му се случи и ако љубовта не успеала меѓу нив таа жена никогаш нема да ја заборави. Таа едноставно е совршена за него.

Сака да ја запознае вашата душа исто како срцето и интелектот. Стрелецот може да биде многу духовен и да сака да ги сподели со вас работите во кои што верува. И запомнете дека тој нема проблем да прави било што сам, а тоа што ве вклучува и вас, веќе е сигурен знак дека ве сака.

Како да освоите ваков маж?

Доколку сакате да освоите маж роден во овој хороскопски знак, тогаш потребно е да ја делите неговата наклонетост кон промени и авантури. Но, доколку се одлучите да стапите во брак, тогаш мора да бидете подготвени да бидете домаќинка, да се грижите за готвењето, подготвувањето и децата.

Типичен Стрелец ги сфаќа обврските кои ги подразбира семејството. А тоа што тој и понатаму ви зборува за егзотичните предели кои што сака да ги посети, разберете го тоа како негово патување низ фантазијата и не попречувајте го во тоа. Тој секогаш со широко отворени очи го набљудува светот, а и такви жени го привлекуваат.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button