Реклама
MAMAКафе муабет

„Не ми е гајле што мислите за мене. Јас за вас воопшто не размислувам“

Реклама

Габриел Бонер Коко Шанел е француска модна дизајнерка, основач на познатиот бренд „Шанел“.

Годишните училишни одмори ги поминувала со роднините во главниот град на провинцијата, каде жените ја научиле Коко да шие толку убаво дури поубаво и од монахињите во манастирот.

Икона на стилот, која го сврте светот на модата, творец на мали црни фустани и легендарни ароми «Chanel  5», фантастичната Коко, секогаш ја одликувала духовитост и сопствен поглед на светот.

Маркетинг

Ова се нејзините 10 најпознати цитати:

 

Маркетинг

На 20 години жената има лице кои ѝ го подарила природата, на 30 она кое го создала сама, а на 40 она кое го заслужила.

Рацете се визит-картичка на секоја жена, нејзиниот врат е нејзина лична карта, а градите се нејзин пасош.

Годините не се најважното нешто во живото на жените: тие може да бидат убави на 20 години, шармантни на 40, и неодоливи до крајот на животот.

Парфем – невидлив, незаборавен, ненадминлив моден додаток. Тој е гласник на секоја жена, но и нејзин потсетник, каде и да оди.

Најдобар моден детаљ на секоја жена е згоден маж покрај неа.

Ништо не ја прави жената стара како исклучиво скап костим.

„Кога треба да користам парфем?“ – прашува една млада девојка. „Кога сакаш да бидеш бакнувана“ – одговара Коко.

Жената која не користи шминка има премногу високо мислење за себе.

Убавината останува, а симпатичниот изглед избледува. Но жените никако не тежнеат да останат убави, тие сакаат да останат симпатични.

Кога нештата не ѝ одат од рака на една жена, таа знае дека мора да изгледа убаво.

Се верува дека е луксуз да и се спротивставите на сиромаштијата. Не, луксуз е да се спротивставите на вулгарноста.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button