Реклама
Вирално

Нејзиното тело исцрпено од короната НЕ можеше да издржи – ги роди БЛИЗНАЦИТЕ и имаше време да ги види само еднаш

Реклама

И таткото е позитивен на корона вирусот исто така, но му дозволија да биде со децата

Лариса Бланко, младата Бразилка која ги роди близнаците Гилерме и Густав во саботата во приватната болница во Сао Паоло, го изгуби животот откако претрпе кpваpeње бидејќи нејзиното тело беше paзоpeно од Ковид-19

Маркетинг

Нејзиниот сопруг Дијего Родригез со кого беше во брак 12 години за медиумите изјави дека покажувала симптоми налик на грипот неколку дена пред да биде откриено на 12 јуни дека е позитивна на корона вирусот.

Во болницата е примена на 26 јуни бидејќи состојбата и се влошила, а веќе следниот ден е префрлена во приватната болница во која ги роди близначињата.

Маркетинг

„Бев во операционата сала кога се роди првото бебе. Лариса го виде тоа мало прекрасно лице и бев пресреќен бидејќи тоа беше нејзиниот сон“, изјави Дијего за медиумите.

Тој изјави дека второто дете се роди по мала компликација и дека се збогувал со сопругата мислејќи дека ќе биде во ред, но наскоро му кажале дека Лариса доживеала кpваreње и дека итно е потребна трансфузија.

„Ми кажаа дека почнала да крвapи и дека доживеала срцев удар“, изјави Дијего и додаде дека му се јавиле во шест часот утрото и му кажале дека неговата сопруга го изгубила животот.

„Докторот ми кажа дека заради короната нејзиното тело не можело да се избори“, изјави Дијего.

И тој исто така е позитивен на вирусот, но дозволено му е да биде со близнаците додека не ги отпуштат.

Инаку Бразил важи за една од земјите кои се најзагрозени од вирусот корона и ситуацијата од ден на ден е се’ подраматична.

„The Brazilian report“ наведува дека бројните студии на бразилските факултети, покрај фактот дека земјата би можела да стане светски епицентар на вирусот, предупредуваат и дека бројот на позитивните во земјата е многу поголем од 1.5 милиони колку што се дијагностицирани.

„The Lancet“ потсетува дека првиот случај во Бразил е забележан на 25 февруари, дека земјата има најголем број позитивни случаи и лица кои го изгубиле животот од оваа болест во цела Латинска Америка. На 4 мај тие имаа „само“ 105.222 заболени и 7288 жртви, а денес повеќе од половина милион активни случаи и преку 62.000 лица кои досега го изгубиле животот од оваа опасна болест.

Во весникот се наведува и дека овие цифри се потценети.

големите градови како што се Сао Паоло и Рио де Жанеиро сега се главни жаришта, но постои загриженост и знаци дека инфекцијата се шири брзо и во внатрешноста, во помалите градови со неадекватен број на респиратори и многу мал број на кревети за интензивна нега

Сепак, можеби најголема закана за бразилскиот одговор на Ковид-19 е неговиот претседател Жаир Болсонаро, наведуваат здравствените експерти и потсетуваат дека во екот на епидемијата, кога новинарите го прашале да го коментира драстичниот пораст на заболените, тој изјавил „Па што, што очекувате од мене да правам“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button