Реклама
Наши ѕвезди

Необјавена снимка со пејачката Соња Тарчуловска – ќе се изненадите, тука има само 15 години (фото)

Исплива старо видео од Соња за кое никој не знаеше – еве како изгледала на почетокот од својата кариера

Реклама

Македонската фолк-пејачка Соња Тарчуловска својата кариера ја започна во 90-тите години на минатиот век.

Таа долго време беше на самиот врв на нашето естрадно небо, но откако влезе во брак со Јохан Тарчуловски реши да му се посвети на семејството, а потоа започнаа и турбулентните години кога нејзиниот сопруг беше однесен во Хаг, а таа остана сама со својата мала ќеркичка.

Но овој тежок период веќе е далеку зад нив, а Соња неодамна повторно и се врати на својата најголема љубов во животот – музиката.

Маркетинг

Инстаграм/ Соња Тарчуловска

Таа тоа го направи заедно со својата наследничка Мелани, која зачекори по нејзините стапки и тоа мошне успешно го прави.

Маркетинг

Инстаграм/ Соња Тарчуловска

Впрочем сега во семејството Тарчуловски има две успешни пејачки, а Соња деновиве се потсети и на своите почетоци.

Имено, Соња објави една стара снимка на која се уште е дете, но со микрофонот во рацете и спремна да ја покори сцената.

Инстаграм/ Соња Тарчуловска

Како што самата откри, Соња тогаш имала само 15 години, а снимката е од банкет и е направена во 1996 година.

Ова впрочем се и самите почетоци на пејачката, а она што е посебно интересно е и нејзиниот стајлинг од тоа време.

Инстаграм/ Соња Тарчуловска

Пејачката тогаш имала долга црна коса со локни, а носеше црно кожно елече со нитни и црни високи потпетици.

Инстаграм/ Соња Тарчуловска

Како Тарчуловска изгледаше во ова свое „тинејџерско“ издание, погледнете во продолжение…

Инстаграм/ Соња Тарчуловска

Потсетуваме, Соња Тарчуловска е родена 1978 година во Штип, а по потекло е од Пробиштип.

Инстаграм/ Соња Тарчуловска

Нејзиното прво ЦД е насловено како „Весела девојка“, а кариерата ја започнала многу млада, што се гледа и од оваа снимка.

Инстаграм/ Соња Тарчуловска

Инстаграм/ Соња Тарчуловска

Инстаграм/ Соња Тарчуловска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button