Реклама
CelebrityTV

Неда Украден проговори за нејзината ВРСКА со Поповиќ, откри ИНТИМНИ ДЕТАЛИ кои до сега никој не ги знаеше!

Врската траела кратко...

Реклама

Познатата пејачка Неда Украден проговори за најинтригантните делови од нејзината автобиографија кои своевремено ја разбрануваа јавноста.

фото инстаграм/Неда Украден

Во својата биографија таа наведе детали за нејзината врска со Саша Поповиќ, за кое се зборува и денес.

Маркетинг

фото инстаграм/Неда Украден

– Убаво беше дружењето со Поповиќ, се беше убаво. Не реков дека сакам авантура, се дружевме, настани, настапи… Бевме слободни, се дружевме, убаво беше, кога престана да биде убаво, завршивме. Сум кажала се што е важно за нашето меѓусебно дружење, кој ќе ја прочита приказната ќе знае зошто не сме заедно – изјави Неда во емисијата „Амиџи шоу“ и додаде:

Маркетинг

фото инстаграм/Неда Украден

– Сега одвреме-навреме се снимаат филмови врз основа на реални или измислени приказни, сакав да напишам нешто за целиот живот додека сум при здрав разум. Се подготвува и вториот дел, тука беше резот.

фото инстаграм/Неда Украден

Познатата пејачка на народна музика, Неда Украден, во книгата наречена „Зора је сванула“ пишува за бројни интересни работи од нејзиното минато, а многумина посебно беа заинтересирани за нејзиниот љубовен живот.

фото инстаграм/Неда Украден

„’Морав да бидам начисто, дали ти мене, Неки, ме сакаш или не?’ ја запраша директно, така што не можеше подиректно. ‘Аууу, па ти заради тоа дојде во четири наутро.. Да го слушнеш одговорот! Тоа можев и преку телефон да ти го кажам! Не требаше да трошиш пари за гориво и цвеќе’, се обидував да бидам духовита и малку да го насмеам. Но тој ме гледаше смртно сериозен. До тогаш таков го немав видено. ‘Значи не ме сакаш. Во ред, тоа и сакав да го слушнам’, кажа одлучно, стана и тргна кон вратата. ‘Ало, каде ќе одиш? Каде тргна?’, брзо застанав пред него бидејќи видов дека ѓаволот ја однесе шегата и дека така изморен, во самата зора, ќе си замине. Го гледав во очи и му изговорив, гласно: ‘А што ако ти кажам дека те сакам? Што сега?’ Стоевме покрај вратата како две остарени деца кои нешто се инаетат и ја префрлаат вината од еден на друг. Покрај вратата, тажни, скиснати фаци, ми изгледше уште помалечок, некако како детенце, како покиснато маченце“, го опиша Неда, Саша Поповиќ во книгата.

фото инстаграм/Неда Украден

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button