Реклама
Наши ѕвезди

На овој Македонец му предвидуваат победа во „Ѕвездите на Гранд“ – неговиот талент е неспорен, цела наша дијаспора го обожава

Реклама

Македонскиот пејач Даниел Тренчовски кој долги години живее и работи во Франција оваа година ќе настапи во „Ѕвездите на Гранд“.

Фото: Инстаграм/ Даниел Тренчовски

Даниел постојано настапува низ градовите ширум Европа, а талентот го има наследено од својот татко кој му го пренел занаетот уште од мали нозе…

Младиот македонски пејач на својот Инстаграм објави фотографија направена во бекстејџот на популарното музичко шоу и под неа ги праша фановите:

Што мислите, дали поминав во следниот круг?

Маркетинг

Даниел со својот беспрекорен глас и шармантен изглед веќе е добро познат посебно помеѓу балканската дијаспора во Европа.

Тој постојано настапува ширум Европа, а талентот го има наследено од својот татко кој му го пренел занаетот уште од малечок.

Фото: Инстаграм/ Даниел Тренчовски

Тренчовски првите музички чекори ги прави кога има само 5 години, кога татко му, гитарист по занимање, ќе му подари клавијатура. Првиот настап го имаше на 10 годишна возраст во склоп на школската приредба, а овациите што тогаш ги доби од своите врсници и сограѓани биле доволно убедливи за да продолжи да го гради својот талент и истиот да му стане професија.

Фото: Инстаграм/ Даниел Тренчовски

Даниел денес живее во Париз, а покрај Франција настапува и во Германија и Белгија.

Маркетинг

Моментално се натпреварува во „Ѕвездите на Гранд“, па оние што го познаваат се убедени дека е еден од фаворитите за победа во најпопуларното музичко шоу на Балканот. Тој неодамна го издаде и својот спот за песната „Нема те“ кој има речиси двесте илјада прегледи на Јутјуб.

Фото: Инстаграм/ Даниел Тренчовски

Покрај семејството, пријателите и публиката поддршка добива и од постарите колеги од естрадата, со кои често настапува.

Фото: Инстаграм/ Даниел Тренчовски

Од сето ова можеме само да заклучиме дека неговиот успех е загарантиран, без разлика како ќе помине во шоуто.

Бонус галерија

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Момче од Македонија ги расплака сите во „Ѕвездите на Гранд“ – ова беше најемотивниот момент во историјата на популарното шоу

Младиот пејач од Македонија за ментор ја избра Цеца, која исто така се бореше со емоциите и одвај успеа да му посака добредојде во нејзиниот тим.

Целиот текст прочитајте го тука >>

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button