Реклама
Вирално

На Македонци им се случи чудо во Острог! Им се покажа духот на Светиот Василиј Острошки – тргнале кон манастирот и останале во шок од она што го виделе

Реклама

Веќе со векови во близина на манастирот Острог во Црна Гора се случуваат чудни и мистериозни работи за кои науката нема објаснување, а кои верниците му ги препишуваат на чудотворецот и светец Василиј Острошки.

Верници од Македонија кои пред неколку месеци беа на посета на манастирот на патот кон Острог забележаа необична светлост што ги следеше, а за која веруваат дека е духот на Свети Василиј.

Маркетинг

Тие во описот на видеото напишаа дека необичната светлост се гледа само на снимениот материјал и преку камерата на мобилниот телефон.

Еден од Македонците со телефонот ја забележал оваа мистериозна светлост која се движи и го следи автомобилот. Погледнете го водеото што следува:

Маркетинг

 

Инаку, вчера, на 12 мај, Српската православна црква и православните верници го прославија денот на Св. Василиј Острошки – голем чудотворец чии остатоци се зачувани во манастирот Острог во Црна Гора.

Православните верници го почитуваа овој светец, а безбројни чуда што се имаат случено на ова место се раскажуваат насекаде низ светот. Празникот се прославува на секој 12 мај, 29 април по јулијанскиот календар.

Во манастирот каде што се неговите мошти доаѓаат верници и до другите вероисповеди меѓу кои има и муслимани кои пред неговите мошти бараат спас и исцеление од тешките болести и проблеми што ги имаат во животот.

Василиј кога се упокоил, неговата ќелија била осветлена со необична светлост. Тогаш народот почнал да доаѓа на местото каде што бил закопан и да се моли.

Според преданието, седум години откако се упокоил, му се јавувал на сон на тамошниот игумен на манастирот Жупа во близина на Никшиќ. Еден ден му кажал да дојде во Острог и да го отвори неговиот гроб. Тој го направил тоа, а телото на Свети Василиј го нашол зачувано и мирисало на босилек.

Тој бил сметан за светител и за време на животот, а по неговиот живот, како минувало времето, се повеќе верници доаѓале за утеха и спас. Сега на Острог доаѓаат и луѓе од други вероисповеди и од разни краеви на светот. Манастирот го добил името по ридот на кој се наоѓа.

 

Тој е поделен на Горен и Долен Острог, каде верниците одат на поклонување на светецот, посебно за празникот Духови, 50 дена по Воскресението.

Животот на Свети Василиј Острошки

Свети Василиј Острошки е родум од Попово Село во Херцеговина, од родители прости но благочестиви. Од малечок беше исполнет со љубов кон Божјата Црква, а кога порасна отиде во требињскиот манастир на Успение на Пресвета Богородица и прими монашки чин. Набрзо се прочу со својот сериозен и редок подвижнички живот, зашто себеси си налагаше подвиг врз подвиг, сѐ потежок и потежок. Подоцна го посветија за епископ Захумски и скендериски, наспроти неговата волја. Како архиереј прво живееше во манастирот Тврдош и оттаму како добар пастир го утврдуваше своето стадо во православната вера, чувајќи го од турската свирепост и од латинското лукавство. А кога непријателите многу го притеснија, а Турците го разорија Тврдош, се пресели во Острог, каде што тврдо се подвизуваше, оградувајќи го своето стадо со непрестајни молитви.

Се упокои мирно во Господ во 16 век. Неговите мошти останааа цели и целебни, нераспадливи и чудотворни до денешен ден. Чудата на гробот на Св. Василиј се безбројни. Кон неговите мошти притекнуваат и христијаните и муслиманите и наоѓаат исцеленија во најтешките маки и болести. Секоја година на Педесетница во Острог станува голем народен собир.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button