Реклама
Наши ѕвездиРецепти

Највкусната баклава со ф’стци според рецептот на Лепа Брена и Бобан Живојиновиќ – ѕирнете во кујната на познатата пејачка!

Реклама

Еве каква баклава најмногу обожава Лепа Брена

Фото: Инстаграм

Кои се основните состојки за подготовка на оваа вкусна баклава што ја обожава познатата пејачка дознајте во продолжение…

Наследникот на познатата фолк-пејачка Лепа Брена и поранешниот тенисер Бобан Живојиновиќ, Виктор, ги изненади своите бројни фанови кога на својот профил на социјалните мрежи сподели фотографија со која што покажа дека во нивниот дом се прави најубавата баклава.

Младото момче очигледно го наследил талентот од својот татко кој е голем гурман и не ги крие своите кулинарски способности.

Маркетинг
Фото: Инстаграм

Бобан ужива да прави јадење и одлично се снаоѓа во кујната, а Виктор оваа љубов кон вкусната храна ја наследил од него.

Фотографијата од баклавата со ф’стци што ја сподели Виктор им отвори апетит на многумина на Инстаграм, па еве го и нејзиниот рецепт.

Баклава со ф’стци

Фото: Инстаграм

Состојки

Основни состојки потребни за овој рецепт се: свежи кори за пита, 350 г путер, 350 г мелени ф’стци, 2 лажички кристал шеќер.

Покрај овие состојки за подготовка на шербетот потребни се 4 шолји вода, 3 шолји шеќер и сок од еден лимон.

Фото: Инстаграм

Подготовка

Состојките за шербетот сварете ги заедно.

Корите редете ги во тава, секоја премачкајте ја со путер и посипете со ф’стци измешани со кристал-шеќер.

Треба да се пече на 200 степени околу 40 минути.

На крајот корите прелијте ги со изладениот шербет, исечете и израдувајте ги семејството и пријателите.

Бонус галерија

Фото: Инстаграм

Брена кога готви сарма

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Извор: Хелоумагазин.рс, Гламур

Поврзано

Back to top button