Реклама
Наши ѕвезди

Нашата идна докторка повторно запеа и го украде шоуто во „Ѕвездите на Гранд“ – еве зошто сите ја сакаат

И овој пат блескаше на сцената

Реклама

Минатогодишната победничка во „Ѕвездите на Гранд“ од Македонија, Славица Ангелова, настапи повторно во шоуто.

Облечена во преубава црвена тоалета и со црни свилени ракавици на рацете таа се појави на грандиозната сцена и ги воодушеви сите изведувајќи ја својата веќе добро позната балада „Ружа и крв“ што ја сними по победата во популарното шоу.

Таа по настапот не го криеше воодушевувањето што повторно е на оваа сцена, па им се заблагодари на сите што се дел од шоуто.

Маркетинг

„Можам да кажам само дека денес бев тука, меѓу кандидатите и го почувствував истото што го чувствував и првиот пат“, изјави Славица целосно понесена од емоциите по настапот и големиот аплауз што го доби.

Маркетинг
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Таа претходно во интервју за „Гранд.онлајн“ откри дека овој пат, и покрај тоа што ги нема коментарите од жирито, возбудата е позитивна, посебно што на нејзиниот ментор Ѓорѓе Давид му се допаднала песната што Александар Милиќ Мили ја напиша за неа.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Пејачката откри и дека мора многу да патува, како заради настапите, така и затоа што студира во Софија, но сепак успева да заврши сé на време. Таа во Бугарија студира на Медицинскиот факултет, па покрај обврските се обидува и да ги положи сите испити на време.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Новинарите ја прашаа и што прави кога некое момче ќе ја покани на кафе, на што младата пејачка одговори.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

„Тоа не ми се случи скоро бидејќи навистина немам време. Се уште сум во некој брз животен ритам. Но ќе дознаете кога тоа ќе се случи“, откри Славица за споменатиот медиум пред настапот во шоуто.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

А како Славица изгледаше на грандиозната сцена кога со својот глас ги освои сите, погледнете во продолжение…

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button