Реклама
Наши ѕвезди

Настапот на оваа Македонка во „Ѕвездите на Гранд“ што предизвика хаос и за кој и денес се зборува

Кога се појави на сцената, шлицот веднаш го украде шоуто...

Реклама

Пејачката Андријана Петрушовска во „Ѕвездите на Гранд“ остави голем впечаток како кај жирито така и кај публиката.

Оваа млада и атрактивна дама уште од своето прво појавување во популарното шоу стекна статус на една од најзгодните натпреварувачки, а оваа титула ја оправда и на својот последен настап.

Имено, Петрушовска овој викенд имаше брилијантен настап и ги освои сите шест гласови од жирито, а пофалби доби и за својот изглед. И тоа од Вики Миљковиќ најпрво, односно од жена, која и порача дека секогаш изгледала одлично, но оваа вечер блескала на сцената.

Маркетинг

Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд

Таа со своите 24 години едноставно никого не остава рамнодушен кога ќе се појави на сцената, а за едно од нејзините изданија со кои што се појави во една од финалните вечери во претходната сезона се уште се зборува. Всушност станува збор за долгиот црвен фустан кој по малку потсетува и на ова нејзино издание, само што тогаш длабокиот шлиц кој оставаше впечаток дека под креацијата не носи ништо, предизвика вистински хаос, па за ова издание се уште се зборува.

Маркетинг

Андријана тогаш настапуваше во тимот на Ѓорѓе Давид, а појавувајќи се пред жирито во креацијата со која ги откри нозете, но и стомакот и градите, и оставајќи впечаток како да не носи ништо под костум, изгледаше како светските ѕвезди и го украде шоуто.

Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд

Ова нејзино издание важи за едно од највпечатливите што досега сме ги гледале воопшто во ова талент-шоу, а како оваа наша млада и талентирна пејачка изгледаше тогаш, но и сега, повторно во црвено, погледнете и потсетете се во продолжение…

Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд

Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд

Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд

Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button