Реклама
Наши ѕвезди

Мики Јовановски Џафер има причина за славење – погледнете како изгледал во младоста (видео)

Познатиот пејач годинава ќе одбележи фантастичен јубилеј

Реклама

Големо изненадување за верната публика

Мики Јовановски Џафер, ветеранот на македонската рок музика, најавува неколку јубилејни концерти по повод 50 години кариера.

Џафер својата музичка кариера ја започнува во 70-тоте години на минатиот век, со бендовите „Солзи“, „Бангла Деш“, „Мост“, „Разбој“.

Маркетинг

Со бендот „Разбој“ во 1976 ја создаваат песната „Насмевка“ која и денес звучи свежо, а во 1977 година Мики е дел и од составот „Леб и сол“ каде настапува како вокал. Тие имаат свирка во Суботица и како што самиот Мики во една пригода ќе истакне, направиле „парче“, а по враќањето од војска станува дел од култниот состав Автограм. Станува збор за првиот бенд што победува ка  1981 година на „Рок фест“, кој се одржа на стадионот во Кавадарци, а нивната песна „Одам ја југ“ денес важи за евергрин и се уште се слуша по радиостаниците.

Маркетинг
Фејсбук/ Мики Јовановски Џафер

Овој состав им беше идол на многу ЈУ групи, како Аеродром и Екатерина Велика, кои имаат изјавено дека Автограм им биле инспирација.

Покрај овој хит, Мики е незаборавен и како интерпретатор на една од најубавите македонски љубовни песни „Сонце за три света“, која беше прогласена за песна на деведесеттите и влезе во историја на македонската музика.

Принтскрин/ Јутјуб

Изведбата на „Макфест“ во 1993, „Сонце за три света“ освои награда за најдобар текст, а Мики Јовановски Џафер награда за интерпретација.

Добитник е и на награда „Златна Бубамара на популарноста“ за трајни вредности. Оваа престижна награда е всушност потврда за музичкиот траен печат што Мики Јовановски Џафер го остави во срцата на сите љубители на поп и на рок-музиката, а неговите песни „Лага и измама“, „Под Пелистер“, „Одам на југ“, „Мики мој“, „ Џоле бре гол“ и секако, незаборавната „Сонце за три света “ и денес се големи хитови и едни од омилените песни на многу генерации.

Принтскрин/ Јутјуб

Еве како Џафер ќе го прослави јубилејот

По повод петдецениска кариера, македонскиот рок музичар и брилијантен вокал Мики Јовановски Џафер најавува јубилејни концерти.

Првиот ќе се случи на 13 април 2024 во Јавна соба, Скопје (Public Room), а влезници за овој настан можете да резервирате преку платформата „drugastrana.mk“ или преку телефонскиот број 070 317 082.

Потоа следува на 18 април концерт во НУЦК „Ацо Шопов“, Штип, па уште два настапи, во Струмица и Битола…

Повеќе информации за концертите наскоро…

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button