Реклама
Наши ѕвезди

Медиумите јавуваат дека музичката легенда го изгуби животот – пријателите музичари и колегите се простуваат од него!

Реклама

„Моите мисли и молитви се со неговото семејство, пријателите и обожавателите“

Како што пренесуваат светските медиуми, познатиот продуцент Мартин Бирч, кој покрај бројните албуми ги продуцираше и оние на Дип Парпл, Реинбоу, Блек Сабат и Ајрон Мејден, почина во 71 година од животот.

Маркетинг

Веста ја потврди Дејвид Ковердејл, за кој што Мартин ги снимаше првите шест студиски албуми за бендот „Вајтснејк“.

„Со голема тага потврдува дека почина мојот драг пријател и продуцент Мартин Бирч“, напиша Ковердејл на Твитер.

Маркетинг

„Мартин беше огромен дел од мојот живот… Ми помагаше од нашата прва средба… Моите мисли и молитви се со неговото семејство, пријателите и обожавателите“, напиша Ковердејл на оваа социјална мрежа.

Бирч навикна да работи со бендовите на подолг временски период. Тој го продуцираше секој албум на Ајрон Мејден од „Killers“ од 1981 година, до „Fear of the Dark ” во 1992 година. Има снимано и режирано речиси десет албуми за „Дип Парпл“. Исто така им има помогнато на легендарните „Блек Сабат“, но и на многу други светски познати култни бендови.

„Или можеби бендовите ми веруваат во подолги временски интервали само затоа што ме сметаа за посебен лик“, изјави Бирч.

Бирч беше скромен во своите технички вештини, при што голем дел од својот успех му го препишуваше на способноста за поврзување и комуникација со уметниците. „Не се сметам за супер техничар, она што го правам за мене е поприлично едноставно, но факт е дека сум навикнат на бендови со кои работам што ми помага веднаш да знам што сакаат, па дури и што сакаат да постигнат, дури и ако тие самите тоа јасно не се го сфатиле“, изјави тој за „Бест“.

Извор: Еспресо.рс

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button