Реклама
Наши ѕвезди

Меган Маркл и принцот Хари чекаат второ дете? По ОВИЕ фотографии целиот свет зборува дека војвотката е во блажена состојба!

Реклама

Цел свет зборува за новите фотографии од познатиот пар

Меган Маркл многу ретко се појавува во јавноста откако за време на пандемијата разнесуваше храна во Лос Анџелес.

Маркетинг

Но тоа беше во средината на април и од тогаш, во овие три месеци, речиси и да не се појави никаде во јавноста.

Токму и затоа откако Меган и нејзиниот сопруг беа заедно „фатени“ во близина на една приватна клиника, почнаа да се шират гласини дека очекуваат второ детел па затоа и сега поранешната актерка се крие меѓу четири ѕида.

Маркетинг

Принцот Хари заедно со Меган отиде до клиниката каде имала закажан термин од се уште непознати причини, а лежерниот фустан што го носеше во оваа пригода не покажа премногу. Но сепак тоа беше и повеќе од доволно да почне да се шушка дека Арчи наскоро би можел да добие братче или сестричка.

Тие иако носеа заштитни маски и беа со покриени глави со капа и шешир, Меган дополнително се обиде да се сокрие со очила за сонце. Но тие не успеаја да им се сокријат на папараците кои веќе со месеци го следат секој нивен чекор, а фотографиите веднаш го заобиколија светот.

Посебно внимание привлече изборот на модната комбинација што ја носеше Меган, односно прозрачниот широк фустан од кој не може да се види дали навистина го крие стомакот или не.

Приказните дека малиот Арчи наскоро би можел да добие братче или сестричка неодамна дополнително ги подгреаја и гласините што беа објавени во странските медиуми, а според кои 38 годишната војвотка наводно тоа и самата им го открила на своите блиски пријатели.

Инаку, близок извор до познатиот кралски пар неодамна за странските медиуми изјави дека меѓу нив владее екстремна напнатост и дека воопшто не се снаоѓаат со новиот живот што го имаат во Лос Анџелес.

Принцот Хари наводно воопшто не се чувствува добро затоа што ги уништил семејните односи и воопшто не му е лесно со сопругата Меган Маркл, која исто така е поприлично тажна во последно време, посебно откако заедно со синот Арчи се преселија да живеат во САД.

Близок извор изјави дека меѓу нив владее екстремна напнатост и дека воопшто не им е лесно со новиот живот.

Наводно Меган во последно време станала многу тивка, се оддалечила од пријателите и била интровертна.

Принцот Хари пак го мачат лошите односи со семејството, а ваквата ситуација кај нив трае некаде од роденденот на Хари. За тоа најверојатно допринесе и тоа што Меган ставила точка на некои од своите стари пријателства, а многу ретко комуницира со најблиските луѓе, заради што и е посебно тешко, особено што сега нема на кој да му верува.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button