Реклама
Кафе муабет

Мајки, дружете се што повеќе со вашите пријателки – само така ќе останете здрави, среќни и задоволни

Реклама

Науката има прилично интересни откритија кога станува збор за пријателството. Повеќедецениското истражување покажа дека социјалните односи можат да имаат големо влијание врз здравјето на луѓето, велат истражувачите.

Научниците од Универзитетот Оксфорд неодамна дошле до заклучок дека жените треба да се дружат со своите пријатели најмалку двапати неделно за да го подобрат физичкото и емоционалното здравје, а експертите од УКЛА велат дека пријателството меѓу жените го намалува стресот.

Маркетинг

Иако можеби сте свесни за важноста и потребата да се дружите со своите пријатели, кога ќе добиете деца, тоа не е толку едноставно. Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да го усогласите мајчинството и социјалниот живот.

https://www.instagram.com/p/Bu0QUPrgmoY/

Маркетинг

Побарајте помош

Не очекувајте вашиот маж, мајка, сестра или некој друг да препознаат дека вие сакате да излезете и дека ќе ви понудат помош за да ги чуваат децата. Наместо да чекате, сами побарајте помош од нив. Не двоумете се.

Направете распоред

Како што ги планирате вашите работни и домашна обврски , треба да направете и календар каде ќе го испланирате излегувањето со вашите пријатели. Изберете еден ден од неделата или месецот и закажете средба.

Престанете да кажувате НЕ

Да, неверојатно ви се случува во групата да напишете дека „не“ можете да излезете поради… Следниот пат не го одлагајте состанокот – бидете таа која ќе каже „да“.

Извинување

Оставете го чувство на вина дома и излегувајте без грижа на совеста. Никој не може да помине 24 часа дневно, седум дена во неделата, 365 дена во годината со деца. Вашето дете нема да ви замери ако заминете неколку часа со вашите пријателите, а и така ќе се чувствувате многу порасположени за предизвиците со нив..

Организирајте го тоа што ви одговара

Ако не сте во расположение за луди збавави до утринските часови, со пријателките закажете средба попладне со кафе и торта. Или излезете на по една пијачка…

https://www.instagram.com/p/BvA9oJdgN8w/

Најдете нови пријатели

Никој не вели дека треба да ги заборавиш твоите најдобри пријатели, бидејќи тие не можат или не сакаат да се дружат. Размислете за наоѓање нови пријатели од градинка или училиште. Со нив имате многу заеднички теми.

Преземете ја иницијативата

Не чекајте другите да ве поканат да се дружите. Вие сте лице кое ќе предложи да одите на кафе, ручек или излегување. Изберете ден, време или место и испратете порака до вашите пријатели. И тоа направете го веднаш.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button