Реклама
Вирално

Мајка на три деца која вози автобус открива што и велат кога ќе ја здогледаат патниците: “Го живеам мојот сон, жените можат се кога сакаат”

Едина ужива во својата работа...

Реклама

43- годишната Едина Трако е жената за која слушна целиот Балкан.

фото принтскрин/ Анадолија Балкан

Мајка на три деца која секое утро го започнува во 6:20 часот, кога на патот Витеза и Травник носи многу луѓе на работа, но и деца на училиште.

Маркетинг

Последното возење е во 19:15 часот од Травник, кога средношколците од втора смена се враќаат дома. На лицето нема замор, само насмевка, ведар дух и желба за одговорен и навремен превоз на патниците до и од нивната дестинација.

Маркетинг
фото принтскрин/ Анадолија Балкан

-Јас од почетокот немав поддршка од никого. Но, бев упорна, одлучна. Целта во животот ми беше да имам семејство и моето семејство да биде заедно. Но, жените треба да бидат упорни, да го постигнат тоа што го сакаат. И јас не можев веднаш. И јас работев во фирма, па трчав и работев приватно да го постигнам тоа што го сакам. Тоа чини време и пари и нерви и се, изјави Едина.

фото принтскрин/ Анадолија Балкан

Точно во 11 часот на автобуската станица во Крушчица, село над Витез, пристигнува автобусот на Травник транс, управуван од жена, четириесет и тригодишната Едина Трако.

фото принтскрин/ Анадолија Балкан

Тоа е само едно од вкупно петте патувања што Едина ги прави секој ден освен недела на релација Крушчица – Травник – Крушчица.

Едина ја положила категоријата Ц и Д, ја напуштила претходната работа и пред неколку месеци седнала зад воланот на автобус, по што и се исполнил сонот.

фото принтскрин/ Анадолија Балкан

„Ова е мојата желба од претходно. Дури и кога бев девојче. Завршив средно училиште, се омажив. Дојдоа три деца. Но, никогаш не ја изгубив надежта дека еден ден ќе ги поминам сите категории и ќе ја остварам мојата желба што ја имав и за која размислував уште од дете“, ја започнува својата приказна за Анадолија Балкан, Едина Трако.

Едина признава дека нејзината одлука да седне зад воланот на автобус била како гром од ведро небо за жителите од населбата каде што живее.

фото принтскрин/ Анадолија Балкан

„Да бидам искрена беа зачудени. Ми велеа – ај што е поентата, имаш работа, не е баш за жена. Не е за оние кои ја немаат таа силна желба и волја и храброст. Ова е прво одговорност. И голема. Второто е обврска. Особено за една жена. Затоа што не е само возење. Има многу што треба да се внимава на сообраќајот и патниците истакнува Едина.

фото принтскрин/ Анадолија Балкан

„Што се однесува до моите колеги во компанијата, тие навистина ме прифатија. Им благодарам за тоа. Многумина се изненадени, се вртат. Знаат и да зборуваат на телефон, па малку зачудено гледаат надолу кога ќе ме видат зад воланот. Но, повеќе би рекла дека е дури и интересно што ме гледаат. Сепак, морам да нагласам дека таа поддршката навистина од никого на почетокот ја немав. Сите велеа – зошто, некои дури и се смееја, ме советуваа дека воланот не е за мене, дека не е за една жена. Но сето тоа е зад мене“, изјави Едина.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button