Реклама
Наши ѕвезди

Маријана долги години живее во Австралија, а сега си ја отвори душата: „Тие луѓе се малку чудни, удрени и надмени“

Реклама

Некогашната македонска пејачка долги години веќе не живее во Македонија, а својата среќа ја најде во далечната Австралија.

Не постои човек кој не ги памети близначките Маријана и Росана, чии песни до ден денес се пеат.

Маркетинг

Ги красеше извонреден глас, но и стас и беа нешто што дотогаш македонската публика немаше видено.

Нивните хитови „Признавам“, „Едно срце имам душо“, „Стој“, „Ако не исчезнам“ се уште се вртат на нашите радио станици.

ФОТО: Маријана Новачевска / Фејсбук

Но, нивната заедичка кариера заврши тогаш когa Маријана одлучи да си замине од оваа земја. Тогаш Росана продолжи со соло кариера.

Маријана во Австралија се одлучи и за промена на професијата, па се вработи како стоматолог.

Маркетинг

По извесо веме и Росана направи промена во кариерата и сега работи во една скопска книжарница.

ФОТО: Маријана Новачевска / Фејсбук

Тие веќе долго време не се дел од македонската музичка сцена, но публиката не ги заборава и постојано ги потсетува дека е жедна за нивниот глас и музика.

Маријана е доста активна на социјалните мрежи, каде нејзините следбеници и фанови можат да видат дека пејачкта ужива во секој момент во животот.

Во Австралија најмногу се дружи со пејачката Татјана Лазаревска, со која се најдобри пријателки и си помагаат секогаш кога е потребно.

ФОТО: Маријана Новачевска / Фејсбук

Двете пејачки жиеат во близина една со друга, па слободното време го користат да уживаат во убавините на Австралија.

Маријана во бракот со композитирот Тоде Новачевски со кој долго време беше во брак ги доби синот Филип и ќерката Магдалена.

Гордата мајка често споделува фотографии од своите деца на социјалните мрежи.

ФОТО: Маријана Новачевска / Фејсбук

На Велигден минатата година стана баба. Филип ја доби ќеркичката Ива, со која Маријана не пропушта да објави фотографии на социјалните мрежи.

Магдалена порасна во вистинска убавица. Маријана не го крие тоа и гордо го споделува со своите фанови.

„Секој ден таа е се поубава и поубава, со нејзината душа, љубов и грижа….понеогаш не си ја чисти собата хахаха. Мамина душичка, мамино сѐ“, стои во описот на една од фотографиите.

ФОТО: Маријана Новачевска / Фејсбук

Неодамна пејачката сподели и среќна вест, а тоа е дека Магдалена се верила со своето момче.

„Честитки на мојата ќерк Меги и на Ерик.

Ве благословувам и ве сакам и двајцата“, напиша Маријана и сподели фотографии од веридбата на нејзината ќерка.

ФОТО: Маријана Новачевска / Фејсбук

Ерик се потрудил да направи романтична атмосфера за да ја изненади својата сакана.

ФОТО: Маријана Новачевска / Фејсбук

Нов живот во земјата на кенгурите

Австралија изболува со природни убавини, а Маријана го користи секој слободен момент да ужива во истите.

Дали на плажа или на прошетка во природа, Маријана живее живот на кој секој може да позавиди.

Често на Фејсбук знае да ги изрази и своите ставови и мислеа за актуелите случувања во светот.

ФОТО: Маријана Новачевска / Фејсбук

На Фејсбук таа ко раскажа и следново:

„Постојат луѓе кои не играат, како другите што ќе им свираат. Тие не се сечии, било кои и безнадежни.

Толерантни се , свои, храбри и не се плашат од предизвиците на животот, понекогаш тврдоглави а некој би кажал чудни, малку удрени и надмени.

Тие луѓе се сепак мали а големи , необични и упорно свои. Е , баш тие луѓе не ја бркаат среќата затоа што среќата се тие самите“, напиша пејачката.

ФОТО: Маријана Новачевска / Фејсбук
ФОТО: Маријана Новачевска / Фејсбук
ФОТО: Маријана Новачевска / Фејсбук
ФОТО: Маријана Новачевска / Фејсбук
ФОТО: Маријана Новачевска / Фејсбук
ФОТО: Маријана Новачевска / Фејсбук
ФОТО: Маријана Новачевска / Фејсбук
ФОТО: Маријана Новачевска / Фејсбук
ФОТО: Маријана Новачевска / Фејсбук
ФОТО: Маријана Новачевска / Фејсбук
ФОТО: Маријана Новачевска / Фејсбук
ФОТО: Маријана Новачевска / Фејсбук
ФОТО: Маријана Новачевска / Фејсбук
ФОТО: Маријана Новачевска / Фејсбук
ФОТО: Маријана Новачевска / Фејсбук
ФОТО: Маријана Новачевска / Фејсбук

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button