Реклама
Наши ѕвезди

Македонската оперска дива момчето ја запроси на најубавото место во оваа наша чудесна Македонија

Сопранот Ивона сподели преубава вест на Инстаграм

Реклама

Младата македонска оперска дива Ивона Нацевска (24) го имаше најубавиот ден во својот живот.

Шармантната Ивона која работи како оперска певица во Македонската опера и Балет на социјалните мрежи објави фотки од запросувањето.

Таа беше запросена од нејзиното момче Душко Вукојичиќ (29), кој избра да ја побара за жена на едно од најубавите места во Македонија.

Маркетинг

Фото: Инстаграм/ Ивона Нацевска

Имено, тој клекна на колена и ја побара нејзината рака во манастирот Свети Јован Бигорски и тоа на година дена од нивната врска.

Маркетинг

Ивона на социјалните мрежи се пофали со својот свршенички прстен, а под преубавите фотографии напиша:

Фото: Инстаграм/ Ивона Нацевска

„ДА, засекогаш!“

Фото: Инстаграм/ Ивона Нацевска

Инаку, Ивона која по потекло е од Тетово, е една од најмладите и најнадежните оперски певици на македонската сцена.

Фото: Инстаграм/ Ивона Нацевска

Таа минатата година го одржа својот прв солистички настап, а во текот на летото одржа концерт со пијанистот Антони Чачо од Италија.

Фото: Инстаграм/ Ивона Нацевска

Покрај љубовта кон класичната музика и операта, таа исто така е вљубена и во фотографијата, а нејзиниот Инстаграм профил изобилува со преубави фотографии на кои изгледа како манекенка.

Фото: Инстаграм/ Ивона Нацевска

И нејзиното момче Душко, односно свршеник се занимава со музика – тој е член на музичката група „The Nameless Trio“.

Фото: Инстаграм/ Ивона Нацевска

Во продолжение погледнете уште неколку фотки од оваа прекрасна млада тетовчанка..

Фото: Инстаграм/ Ивона Нацевска

Фото: Инстаграм/ Ивона Нацевска

Фото: Инстаграм/ Ивона Нацевска

Фото: Инстаграм/ Ивона Нацевска

Фото: Инстаграм/ Ивона Нацевска

Фото: Инстаграм/ Ивона Нацевска

Фото: Инстаграм/ Ивона Нацевска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button