Реклама
Наши ѕвезди

Македонската Гранд ѕвезда ГИ СРУШИ СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ – еве зошто ЖЕНИТЕ ГО ОБОЖАВААТ Филип

Реклама

Македонското музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ е предизвик за секој млад талентиран музичар кој има амбиции да направи балканска кариера.

Шоуто е одлична отскочна даска за многу пејачи, кои сакаат да бидат видени од публиката. Без оглед на пласманот, многу од нив се стекнуваат со популарност, а со самото тоа поголем прилив на пари и повеќе музички ангажмани.
Македонија веќе има многу музички имиња на кои се гордее, а кои одлично се претставија во ова шоу.

Маркетинг
ФОТО: Филипе Пецовски / Инстаграм

Еден од нив е и пејачот Филип Пецовски, кој и тоа како остави белег во шоуто. Со својот уникатен изглед, Филип веднаш ја освои публиката. Никогаш едноставен, секогаш интересен со извонреден сценски настап, од недела во недела Филип ги воодушевуваше сите со својата појава.

ФОТО: Филипе Пецовски / Инстаграм

Филип ги поседува сите предиспозизии за да стане ѕвезда.

Маркетинг

Пецовски ги шармираше сите со својата позитивна енергија и енергичните настапи. На Карлеуша ѝ беше миленик, па под нејзино менторство често смислуваа оригнални настапи.

ФОТО: Филипе Пецовски / Инстаграм

Вики Миљковиќ имаше само пофални зборови за Филип и истакна дека кај него било се како што треба. И Саша Поповиќ упати комплименти на сметка на Пецовски истакнувајќи дека треба да се однесува на сцената.

„Верувале или не, ти имаш во глас….нешто што е многу близу на Тоше. Ти се колнам на момент ќе затворам очи…јас сум во шок…Работи на тоа пеење, ти тоа го имаше. Не го игнорирај“ му кажа Ѓорѓе Давид. Шерифовиќ истакна дека навива за Филип и дека и на сцената треба да има некој кој што ќе ги забавува.

ФОТО: Филипе Пецовски / Инстаграм

Негова најголема поддршка за време на натпреварувањето беше неговото семејство кое во собата за емоции секогаш беше весело и располжено за играње и пеење.

Српските медиуми често за него знаат да напишат дека е магнет за жените, особено за пејачките, а ако не успее како пејач може слободно да ја промени професијата и да стане манекен.

ФОТО: Филипе Пецовски / Инстаграм

Филип кој со своите одлични гласовни способности и интересни кореографии секогаш ја креваше публиката на нозе знае како да ги изненади претставничките на понежниот пол. Така беше и кога при едно гостување на телевизија, водителката на Гранд го потсети дека на првиот менторски час кај Јелена Карлеуша направил 100 склека.

Тој не само што одговори позитивно, туку пред камерите ги засука ракавите, и облечен во кожна јакна стана и без двоумење направи 20 склекови пред дамите.

Филип најголемо внимание привлече со својата изјава во естадниот магазин „Бекстејџ“ во кој одговараше на интересни и провокативни прашања.

Најмногу внимание привлече изјавата дека во Скопје нема девојка за него, затоа што главниот град е преплавен со лесни и евтини девојки.

ФОТО: Филипе Пецовски / Инстаграм

Филип исто така е многу активен на социјалните мрежи каде често споделува инатересни фотографии.

Секако фотографии со кои собиа најмногу лајкови се оние на кои го покажува своето мускулесто тело со кое мами воздишки кај понежниот пол.

Поради вирусот Ковид 19 многу од нас добија килограм повеќе поради седењето дома, а многумина направија драстични промени во изгледот.

ФОТО: Филипе Пецовски / Инстаграм

Еден од оние кои го променија личниот опис за време на изолацијата беше и Филип. Тој на својот „Инстаграм“ објави фотографија од пред и по корона.

На фотографијата по корона може да се забележи дека има потпорасната брада и коса. Тој на социјалните мрежи ги праша фановите кој изглед подобро му стои.

Деновиве тој ги воодушеви дамите со нова фотографија од своето заводливо тело.

Пејачот одлучи да се опушти во спа центар и уживаше на базен. Филип објави фотографија на која е разголен и позира од базен и ги покажа своите затегнати мускули.

Фотографијата собра над 2000 лајкови, а следбениците му оставаа коментари преку кои го пофалија за изгледот.

ФОТО: Филипе Пецовски / Инстаграм
ФОТО: Филипе Пецовски / Инстаграм
ФОТО: Филипе Пецовски / Инстаграм
ФОТО: Филипе Пецовски / Инстаграм
ФОТО: Филипе Пецовски / Инстаграм
ФОТО: Филипе Пецовски / Инстаграм
ФОТО: Филипе Пецовски / Инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button