Реклама
Наши ѕвезди

Лила во свадбено издание – се топи додека МИЛЕ КУЗМАНОВСКИ ѝ пее на увце, му подари и бакнеж!

Испливаа приватни фотки од прославата на Миро и Ивана

Реклама

Водителот Миро направи свадба за паметење

Водителот Миро и неговата партнерка Ивана еден месец по интимната венчавка направија свадба во една дискотека во Штип.

Тие беа посебно дотерани за оваа пригода, а фотографиите од прославата ги преплавија социјалните мрежи.

Маркетинг

Водителот за оваа пригода носеше бело сако со црни детали и црни панталони, додека Ивана блескаше во тесна и долга венчаница со светки, зачинета со длабок шлиц и уште подлабоко деколте, со долги ракави и набор во пределот на половината.

Маркетинг
Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Меѓу нивните гости беа многу познати лица од нашиот естраден свет, а меѓу нив и познатата водителка Лила Филиповска.

Фото: Инстаграм

Таа за оваа пригода избра преубава тоалета во розова боја во која изгледаше како вистинска принцеза од бајките.

Фото: Инстаграм

Водителката едноставно блескаше во ова свое Барби издание и го украде шоуто, а целото издание го зачини со преубава шминка и фризура.

Фото: Инстаграм

Креацијата што ја носеше беше со корсет во горниот дел така што водителката во преден план го истакна нејзиното раскошно деколте, додека кусото розово здолниште зачинето со тил и долга панделка врзана околу половината внесоа малку драма.

Фото: Инстаграм

Лила пак, целото издание дополнително го „зачини“ со необичните розови сандали со пердуви и високи потпетици.

Фото: Инстаграм

Таа цело време играше и се веселеше, а посебен момент беше кога пејачот Миле Кузмановски дојде кај неа и ѝ запеа на увце.

Фото: Инстаграм

Лила не го криеше воодушевувањето, па во еден момент и го бакна познатиот пејач во образот, додека пријателите ја снимаа.

Фото: Инстаграм

Потсетуваме, големата свадбена веселба на Миро и Ивана беше организирана во еден ноќен клуб во Штип.

Фото: Инстаграм

Тие направија свадба еден месец по интимната венчавка во Скопје кога најпрво се венчаа во матичното, а потоа и во црквата Свети Јован Крстител во Капиштец, по што направија мала свадбена веселба за семејството и најблиските пријатели.

Фото: Инстаграм

За разлика од тогаш, водителот и неговата сопруга сега направија голема прослава со многу гости, а покрај Лила Филиповска на прославата беа и многу други познати лица меѓу кои Миа Костова, Милена Антовска-Станковска, пејачот Слаткар и неговиот колега Миле Кузмановски, водителката Елена Најдоски, поранешната манекенка Маја Глигоровска, Светлана и Мики Црнокрак и многу други.

Фото: Инстаграм

Повеќе детали од оваа луда и весела свадбена прослава погледнете во продолжение:

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button