Реклама
Наши ѕвезди

Која е чудесната девојка што го освои срцето на Игор Џамбазов?

Реклама

Тие во последно време не се кријат …

Приватна архива

Познатиот македонски актер, музичар, писател и шоумен Игор Џамбазов, на својот профил на Инстаграм не ретко објави фотографии, а во последно време друштво му прави една наша позната дама. Имено, Џамбазов деновите во карантин ги минува во Дојран, а друштво му прави планинарката Илина Арсова со која во последно време е неразделен.

И токму нивните заеднички фотографии на социјалните мрежи ги подгреаја муабетите дека меѓу нив можеби има и нешто повеќе од пријателство. Тие уживаат во своите меѓусебни дружења, а под една од заедничките фотографии им коментираше и Весна Петрушевска.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Игор Џамбазов

Имено, колешката на Џамбазов им порача дека кумата (Весна) наскоро доаѓа да им се придружи во Дојран.

Маркетинг

Инаку, Игор веќе некое време живее во неговиот Дојран, како што тој самиот милува да каже, заедно со неговите пријатели од ова прекрасно место во Македонија.

Тој неодамна во интервју за нашиот „Гламур магазин“ се потсети на неговото детство, но и ни кажа дека се уште се дружи со истите луѓе, или со нивните деца, на кои им ги прераскажува анегдотите од нивното детство.

„Незаборавно. Би сакал сите деца на светов да имаат такво детство. Безбрижно, мирно, забавно, едукативно, по шемата на социлијастичките кодекси за семејство. Роден сум во центарот на Скопје, на улицата НИКОЛА ПАРАПУНОВ, спроти Соборниот храм. После земјотресот сме се преселиле во зграда која се наоѓаше точно на местото на денешниот старо-нов МНТ, а од 1970 се преселивме во Козле. И што ти е животот. После толку перипетии и селидби, повторно си се вратив во моето старо мало во Козле. И повторно се дружам со истите луѓе од пред 45 години, или со нивните деца на кои им ги прераскажувам анегдотите од нашето детство. Денешниве деца, за жал може само да сонуваат за такво детство. Тие денес се робови или на технологијата, или на комплексите на своите родители“ ни раскажа Игор тогаш.

Фото: Инстаграм/ Илина Арсова

Инаку, Илина Арсова е нашата најдобра планинарка. Таа пред неколку месеци успеа да го искачи врвот Винсон – 4892м, проект на Федерацијата за планинарство на Македонија и Агенцијата за млади и спорт и со тоа го комплетираше проектот Седумте врвови на кој максимално беше посветена.

Со искачувањето на овој врв, Илина стана првата Македонка која успеа да ги искачи сите седум највисоки врвови распространи на сите седум континенти и ја вброи Република Северна Македонија со свој женски претставник во светскиот планинарски предизвик – 7 summits.

Фото: Инстаграм/ Илина Арсова

Планината Винсон на Јужниот Пол е екстремно студена, но за среќа, при искачувањето на тимот, заедно со Илина, имале одлични услови.

Фото: Инстаграм/ Илина Арсова

Таа пред само неколку дена на својот профил на Фејсбук се присети на своето највозбудливо искачување.

„На овој ден лани, во 3.15 наутро, стоев на врвот на светот Монт Еверест, 8848 метри. Долгогодишните подготовки и многустраната поддршка, на крајот резултираа со успех и нов спортски момент за Македонија. Ви благодарам на сите кои ме бодревте и поддржувавте во подвигот! Им благодарам и на дечките кои ми даваа позитивни вибрации за време на искачувањето. Имавме исклучителна привилегија врвот да го делиме само неколкумина“, напиша пред неколку години Илина на својот Фејсбук профил, а деновиве повторно ја сподели и се потсети на оваа објава. Во продолжение погледнете уште неколку нејзини фотографии:

Фото: Инстаграм/ Илина Арсова
Фото: Инстаграм/ Илина Арсова
Фото: Инстаграм/ Илина Арсова
Фото: Инстаграм/ Илина Арсова
Фото: Инстаграм/ Илина Арсова
Фото: Инстаграм/ Илина Арсова
Фото: Инстаграм/ Илина Арсова
Фото: Инстаграм/ Илина Арсова
Фото: Инстаграм/ Илина Арсова

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button