Реклама
Наши ѕвезди

Конечно е откриено кој е таткото на второто дете на Хурем? И не е популарниот актер во прашање, туку овој згоден маж!

Реклама

Фановите на Мерјем Узерли веќе со месеци претпоставуваа кој би можел да биде таткото на нејзиното второ дете

Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли

Но сега конечно тоа повеќе не е тајна.

Имено, популарната турска актерка Мерјем Узерли покрај актерството има голем страст и кон фотографијата.

Маркетинг

Таа покрај својот официјален профил на Инстаграм има и еден на кој можете да ги видите нејзините дела.

Фотографиите во главно се црно-бели, а профилот на Инстаграм можете да го најдете под името „@MUportrait“.

Маркетинг

И бидејќи актерката која што се прослави со улогата на Хурем во „Сулејман величествениот“, на почетокот од годината се породи, но не го откри идентитетот на таткото на нејзиното бебе, многумина се прашуваа кој би можел тој да биде. Едно време се претпоставуваше дека тоа би можел да биде актерот Чаглар Ертугрул кој го толкуваше ликот на Јагиз Егемен во серијата „Ќерките на Фазилет“ која беше голем хит и во Македонија, но во последно време се поочигледно е дека во прашање е некој друг господин.

Фото: Инстаграм/ MUportrait

Имено, турските медиуми решија да спроведат истрага за да го откријат идентитетот на мистериозниот маж.

Па така според нив, најсомнителна им е една фотографија од мај 2019, на која Хурем седи во скутот на непознат господин и го бричи! И ако судиме според говорот на телото и налинот на кој позираат, и нивните погледи, лесно ќе дојдеме до заклучокот дека не е во прашање само модел.

Фото: Инстаграм/ MUportrait

Инаку, Хурем пред само неколку дена во Германија, каде што е родена, ги претстави своите две ќерки.

Нејзината прва ќерка, која што ја роди пред седум години, се вика Лара, а татко на детето е бизнисменот Кан Атеш.

Фото: Инстаграм/ MUportrait

Втората ќерка Лили Кои шармантната актерка ја роди во јануари, а за таткото се шушка дека е од Америка.

Инаку, мажот од фотографијата на која што Мерјем му седи во скутот многу потсетува на момчето со кое познатата актерка пред две години се појави на Филмскиот фестивал во Берлин, но и на човекот што беше во нејзиниот стан кога малата Лара го прославуваше својот роденден. Но дали тој е навистина таткото на нејзиното дете, фановите се уште се прашуваат, па Хурем најверојатно ќе мора наскоро да им одговори и да го открие својот мистериозен партнер.

Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли

Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли

Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли

Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли

Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли

Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли

Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button