Реклама
Наши ѕвезди

Кое е момчето што го освои срцето на Луна Џогани и на кое Марко е љубоморен, па не дозволува да се дружи со него?

Реклама

Хаос – Џогани му направи сцена на Mарко пред еден познат белградски клуб. Нивната врска е во сериозна криза?

Фото: Инстаграм

И покрај тоа што во своите интервјуа не заборава да истакне дека нејзината врска со Марко Миљквоќ е во одлична кондиција, медиумите шпекулираат дека помеѓу нив двајцата не е се така розово.

Имено, откако се разделија пред самиот крај на Задруга, тие повторно ја обновија врската и веќе неколку месеци се заедно.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Луна Џогани

Но таблоидот „Свет“ тврди дека Марко и Луна пред еден белградски клуб се испокарале на сиот глас. Тоа го забележале сите што во тој момент биле присутни пред клубот, па дури и луѓето од обезбедувањето.

Откако нивната жестока расправија заврши во медиумите, Марко потврди дека помеѓу нив понекогаш може да се случи такво нешто, но и дека ситуацијата е „пренапумпана“ од страна на медиумите и дека се уште се заедно.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Луна Џогани

„Како и секој пар, нормално е да има недоразбирања меѓу нас, но она за по пишуваа медиумите во последно време е лага. Јас само заминав од пред клубот за да го донесам автомобилот, за да таа со своите високи потпетици не мора да оди, а медиумите напишаа дека сме си заминале одвоено“, изјави момчето на Луна за порталот „Србија денес“.

Но тоа не е се!

На истиот овој портал можете да прочитате и дека младиот репер Урош Пауновиќ Лима вели за Марко дека е љубоморен.

Фото: Инстаграм/ Луна Џогани

Имено симпатичниот репер и Луна требале да снимаат заедничка песна, но Марко бил многу љубоморен и не дозволувал Луна премногу да се дружи со него.

Пораките што Луна му ги испраќала на реперот

Само да потсетиме, своевремено во јавноста се појави и преписка помеѓу реперот и Луна, односно нејзини СМС пoраки, а во кои му порачува дека сака да биде со него, иако тој во тоа време беше со друга девојка.

Фото: Инстаграм/ Урош Пауновиќ Лима

Според реперот, и покрај тоа што преписката завршила во медиумите, тие се уште се во добри односи и тоа не го расипало нивното пријателство. На прашањето од новинарите дали би се обидел повторно да ја освои победничката на „Задруга 2“ доколку раскине со Марко, тој одговори дека Луна веќе е освоена, пишува „Србија денес“.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button