Реклама
Наши ѕвезди

Кога не знаеш што е поубаво – фустанот или дамата што го носи?!

Реклама

Ирена Спировска на социјалните мрежи објави фотографии на кои носи преубав фустан во црна боја.

Фото: Инстаграм/ Ирена Спировска

Таа негова стил на елегантна, сведена дама, а ова дефинитивно е едно од најдобрите изданија што сме ја виделе досега.

Во прашање е прекрасна креација без ракави, со деколте во „V“ израз и направена од црна, романтична тантела.

Маркетинг

Ова не е прв пат шармантната водителка да не изненади со своето грациозно модно издание, а воодушевени беа и нејзините фанови.

Фото: Инстаграм/ Ирена Спировска

Имено, Спировска не ретко можеме да ја видите во прекрасни тоалети, а овој пат како да се надмина самата себеси.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Ирена Спировска

Покрај фустанот кој е приказна сам за себе, згодната водителка одлучи да носи што поприродна шминка. Црвениот кармин и даде софистициран изглед, а носеше големи бели обетки и маникир во „бургунди“ нијанса, додека целото издание го заокружи со нејзината убава фризура.

Фотографиите за кратко време добија голем број лајкови, но и комплименти и тоа најмногу од жени.

„Убавица“, „Прекрасна жена“, „Дива“, „Гламурозна дама“, беа само некои од ласкавите коментари што ги доби под фотографијата.

Фото: Инстаграм/ Ирена Спировска

Инаку, Ирена редовно тренира и планинари, а резултатот е и повеќе од очигледен. На нејзиното тело не можете да најдете ниту една маана, па елегантниот фустан што го носеше едноставно блескаше на нејзиното силуета.

Во продолжение погледнете уште неколку креации за кои се инспириравме од ова издание на Ирена.

MARCHESA NOTTE
COSTARELLOS
MARCHESA NOTTE
REBECCA VALLANCE
PRADA
ALEXANDRE VAUTHIER
NEEDLE & THREAD
ALAÏA
LELA ROSE
ALESSANDRA RICH
VICTORIA BECKHAM
ROWEN ROSE

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button