Реклама
Наши ѕвезди

Како светска ДИВА: Тамара Тодевска направи драстична промена на изгледот – ви се допаѓа ли ваква?

Тамара Тодевска направи драстична промена на изгледот.

Реклама

Македонската пејачка скоро непрепознатлива настапи на Парадата на гордоста 2023 во Скопје.

Тамара секогаш била своја и уникатна на сцената.

ФОТО: Инстаграм / Тамара Тодевска

Не сака многу да експериментира со својот изглед и кратката руса коса е нејзин заштитен знак скоро цела нејзина кариера.

Буквално од дете е на македонската музичка сцена, а денес може да се пофали со успешна кариера и многу хитови – нешто што го посакува секој пејач.

Маркетинг
ФОТО: Инстаграм / Тамара Тодевска

Освен во Македонија, Тамара е популарна и низ целиот регион.

Приватно е посветена мајка, која секој слободен момент го користи да го помине со ќерката Хана и синот Дарен.

Маркетинг
ФОТО: Инстаграм / Тамара Тодевска

Тие се нејзината најголема инспирација и мотив да чекори само напред кон успехот.

Се чини дека и нив ги воспитува да имаат отворен ум, да ги прифаќаат различните од нив, да бидат горди на себеси и секогаш да се борат за своите права.

ФОТО: Инстаграм / Тамара Тодевска

Четврта година по ред во Скопје се одржа Парадата на гордоста, а Тамара беше една од музичките гостинки.

Во време и средина кога говорот на омраза и насилствата се во пораст, овој настан е навистина можност да се биде горд и гласен, но и да си покажеме грижа и љубов еден на друг.

ФОТО: Инстаграм / Тамара Тодевска

Мора да се признае дека Тамара изгледаше светски на својот настап.

Долгата розева перика и јаката шминка направија таа да изгледа непрепознатливо, а црно белиот комплет максимално ја истакна нејзината фигура.

ФОТО: Инстаграм / Тамара Тодевска

„Се додека имам глас, ќе пеам за повеќе слобода, еднаквост и љубов. „Гласни и горди“ е многу повеќе од „парада на гордоста“. Затоа што нѐ опишува сите, кои се бориме за овие вредности.

Без навреди, без лажни профили и идентитети.

Ви благодарам за поканата и за вчерашната енергија. Баш сум PROUD на сите вас“, напиша пејачката.

ФОТО: Инстаграм / Тамара Тодевска
ФОТО: Инстаграм / Тамара Тодевска

ФОТО: Инстаграм / Тамара Тодевска

ФОТО: Инстаграм / Тамара Тодевска

ФОТО: Инстаграм / Тамара Тодевска

ФОТО: Инстаграм / Тамара Тодевска

ФОТО: Инстаграм / Тамара Тодевска

ФОТО: Инстаграм / Тамара Тодевска

ФОТО: Инстаграм / Тамара Тодевска

ФОТО: Инстаграм / Тамара Тодевска

ФОТО: Инстаграм / Тамара Тодевска

ФОТО: Инстаграм / Тамара Тодевска

ФОТО: Инстаграм / Тамара Тодевска

ФОТО: Инстаграм / Тамара Тодевска

ФОТО: Инстаграм / Тамара Тодевска

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button