Реклама
CelebrityНовости

Како да се сестри и најдобри другарки – ќерката на Анета Молика од својата мајка не ја наследи само убавината туку и талентот

Реклама

Од фотографијата што познатата мама ја објави на социјалните мрежи можеме да видиме дека Моника неверојатно потсетува на својата мајка.

Ќерката на Анета од својата мајка покрај убавината го наследила и талентот за музика, но и покрај тоа што пее убаво, сака да биде заболекарка

На фотографиите убавата пејачка и нејзината ќерка изгледаат како сестри и најдобри другарки па тешко е да се поверува дека се мајка и ќерка. Од заедничкиот шопинг, излегување и патувања, тие двете во се што прават заедно уживаат. Иако со својата ќерка е во однос како да се другарки, таа се обидува да воспостави однос кој се заснова на доверба и почитување и јасно е дека одредени граници мора да постојат.

Маркетинг

Впрочем тоа го сакаат и сите мајки што имаат ќерки, а дека се во одличен однос покажуваат и нивните заеднички фотографии.

https://www.instagram.com/p/CCdgpRwHfAm/

Маркетинг

 

https://www.instagram.com/p/CD1V4YsnsUP/

 

Имено, ова не е прв пат Анета да сподели заедничка фотографија на својот профил на Инстаграм, а фановите секогаш се воодушевени од тоа како изгледаат кога се заедно и ги „честат“ со комплименти.

Анета и Џими се 18 години во брак, а на лудиот камен застанаа по една година романтична врска.

https://www.instagram.com/p/B63iQ57nzwL/

 

Инаку, пејачката покрај тоа што објавува фотографии на Инстаграм, таа во последно време и на својата официјална Фејсбук страница имаше неколку настапи во живо со кои ги воодушеви своите фанови.

Имено, за време на епидемијата, Анета со својот бенд „Молика“ објави неколку видеа со песни, а меѓу нив и познатата народна песна „Црна се чума зададе“, која беше снимена како одговор на ситуацијата во која што се наоѓаме.

Многу познати музичари и бендови, затекнати од епидемијата и новонастанатата ситуација, снимаа и објавуваа песни во изминатиов период, а Молика е една од нив. Таа изведе неколку песни во живо преку социјалните мрежи. Покрај „Црна се чума зададе“, таа ги изведе и песните „Гоце ми отиде во Солуна града“, „Печалбарска“ и „Песна ви пеам Македонци“, а некои од нив можете да ги слушнете во продолжение.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button