Реклама
Вирално

И тие немаат колективен имунитет – зошто Македонците ги погоди ВТОРИОТ бран на коронавирусот, а ги прескокна Британците?

Реклама

Зошто Велика Британија не е погодена од втор бран иако сè уште нема колективен имунитет се прашуваат голем број експерти од оваа земја.

Еве колку Британците ги почитуваат мерките

Една од причините зошто досега немаше втор бран во Велика Британија е пристигнувањето на летните денови во северната хемисфера, наведуваат некои од нив.

И покрај предупредувањата на некои експерти дека олеснувањето на рестриктивните мерки може да доведе до втор бран на коронавирус или зголемување на бројот на инфекции, на 11 мај на Британците им беше дозволено повторно да одат во парковите и да вежбаат во парковите. Потоа во јуни се отворија продавниците, а по еден месец, на 4 јули повторно почнаа да работат пабовите, рестораните и кафеаните. Во саботата пак се опуштија и мерките за социјално дистанцирање.

Маркетинг

Џени Харис, заменичката на водечкиот лекар во Англија, на прес-конференцијата минатиот четврток изјави дека секогаш постои можност за повторно зголемување на бројот на заразени лица во Велика Британија.

Имено, Англија ги олесни мерките побрзо од остатокот на Велика Британија и голем дел од Европа. Властите веруваат дека овој потег бил оправдан затоа што инфекциите во Велика Британија опаѓаат од април, кога достигнале повеќе од 8000 случаи на ден, пишува „New Scientist“.

Маркетинг

Можни причини

Една од причините зошто досега немаше втор бран во Велика Британија е пристигнувањето на летните денови во северната хемисфера. Некои истражувања покажуваат дека, како и со другите респираторни вируси, коронавирусите остануваат активни подолго време на површините кога воздухот е постуден и помалку влажен. Како и да е, сè уште не е јасно дали вирусот корона навистина ќе ги има сезонските карактеристики, како што на пример ги има грипот, пренесува „Index.hr“.

Повисоките температури, исто така, ги охрабруваат луѓето да поминуваат што е можно повеќе време на отворено, каде вирусот е со поголема веројатност да биде оштетен од сончева светлина или да одлета од ветерот. Една кинеска студија открила дека 98 проценти од високите нивоа на пренесување на вирусот се одвиваат во затворено.

Климата може, но и не мора да биде фактор.

Она што го знаеме е дека ширењето на вирусот е отежнато на отворено – рече докторот Габриел Скули.

Експертите веруваат дека има и други фактори кои не довеле до повторно оживување на инфекции.

Имено, приближно половина од трагичните случаи кои се поврзани со инфекции предизвикани од вирусот корона во Велика Британија беа поврзани со одделенијата во домовите на старите луѓе, но сега се воведени многу поригорозни мерки во овие институции. Исто така едно можно објаснување е и дека граѓаните продолжија да бидат претпазливи, и покрај олеснителните мерки.

Истражувањето спроведено на повеќе од 2.000 луѓе во Велика Британија го споредува односот на луѓето кон рестриктивните мерки на почетокот на април со оние на крајот на мај и утврди дека одговорноста на граѓаните во двата случаи е многу голема.

„Граѓаните отсекогаш се придржувале кон мерката социјално дистанцирање. Забележавме неверојатна претпазливост и силно разбирање на сите можни ризици кај поголемиот дел од населението“ – изјави Боби Дафи од „Кингс колеџот“ во Лондон, кој работеше на тоа истражување.

Колективен имунитет

Во последните неколку недели, во неколку земји се појавија повторни нови случаи откако беа олеснети или потполно укинати рестриктивните мерки.

На пример, Израел беше погоден од втор бран. Земјата објави скоро 1.000 нови случаи на 5 јули и повторно воведе некои рестриктивни мерки. Јужна Кореја имаше неколку нови жаришта што потекнуваат од ноќните клубови и компаниите. Ограничувањата се повторно воспоставени во делови на Шпанија и во неколку американски држави.

Постојат некои индикации дека промена во стапката на инфекција може да се случи и во Велика Британија. Најновите бројки од британското Централно биро за статистика покажуваат дека нивото на пад на инфекциите полека се намалува. Дополнително, во градот Лестер беше забележано ново жариште, поради што беа воведени некои ограничувања.

Без оглед на причината зошто засега нема зголемување на бројот на заразени лица во Велика Британија, едно е сигурно, а тоа е дека за тоа не е причина колективниот имунитет. Колективниот имунитет значи дека доволно голема популација, околу 60%, имале прележано ковид-19 и развила антитела, што го отежнува ширењето на вирусот корона.

Имено, неколку светски студии индицираат дека само 1 до 10 проценти од населението има антитела.

„Не изгледа како многумина од нас да биле изложени на вирус“, рече епидемиологот Марк Волхаус од Универзитетот во Единбург.

Македонија пред нови рестриктивни мерки?

Истото се случи и со нашата земја, во која откако беа олабавени мерките, по некое време повторно се врати вирусот.

Па така сегашната ситуација во нашата земја е критична, посебно по неколкуте верски празници и непочитувањето на мерките од страна на некои компании кои се сметаат дека се главната причина што вирусот повторно се прошири. Но и покрај големиот број на новозаразени, министерот за здравство Венко Филипче на вчерашната прес-конференција изјави дека и по изборите, нема да бидат потребни никакви дополнителни мерки. Како што изјави порано, несомнено е дека имаме еден втор бран којшто е резултат на непочитувањето на мерките за собири и групирање што впрочем го докажа и деталниот увид во деталните епидемиолошки прашалници.“

„Но зголемениот број на заболени може да се каже дека е очекуван поради начинот на тестирање што се применивме во овие измиинатите денови, со оглед на тоа што првите случаи од семејствата покажаа дека има одреден број на асимптоматски носители и сакавме детално да видиме колку е тоа силно изразено”

По изборите што ќе се одржат на 15 јули, нема да има вражање на рестриктивните мерки во земјава.

Министерот за здравство Филипче вчера рече дека кај нас нема најава дека е потребна некаква дополнителна мерка, бидејќи за разлика од Србија, каде имаше големи собири на спортски натпревари, кај нас овие собири за забранети.

„Може да се одигруваат спортски натпревари, но без публика, бидејќи знаеме дека тоа е еден огромен ризик. Во таа смисла и моментот кога треба да се воведе рестрикција, треба добро да се оцени, затоа што во даден момент можеби и е многу доцна“, кажа Филипче.

Тој, исто така, изјави дека во последниот период има се помал број пациенти во болниците, како и дека просекот на новодијагностицирани секој ден се намалува.

„Рестриктивна мерка се воведува тогаш кога ќе се оцени дека има ризик по здравствениот систем и тоа ни беше потврдено од страна на експертот од Светската здравствена организација, кој беше во посета. Тоа е единствена дополнителна мерка на сите оние мерки што сега важат кај нас, ама не важеа во околните земји“, изјави Филипче.

Тој напомена дека каква било форма на собир каде што нема да се одржува дистанцата и граѓаните нема да носат маски, асполутно е ризик, како по здравјето на таму присутните, така и по здравјето на сите нивни блиски.

Извор: Индекс.хр, Телеграф.рс, Фактор.мк, Гламур

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button