Реклама
Вирално

Исчезна мало девојче во Србија, познатите се вклучија во потрагата: Данка ја нема, секоја минута е важна!

Исчезнувањето на малата Данка Илиќ (2) ја подигна цела Србија на нозе

Реклама

Продолжува потрагата по исчезнатото девојче

Двегодишното девојче Данка Илиќ исчезна вчера во приградската населба Бањско во близина на градот Бор во Србија.

Полициските сили цел ден и преку цела ноќ го бараа детето, обиколувајќи го секое ќоше, а за прв пат во Србија е активиран и „Амбер алерт“, со име „Пронајди ме“, за девојчето да биде што побрзо најдено.

Маркетинг

Во акцијата се приклучија и познатите од Србија кои на своите Инстаграм профили објавија фотографија од малото девојче.

Маркетинг
Фото: Данка Илиќ, социјални мрежи

Меѓу првите се огласи пејачката Александра Пријовиќ, потоа пејачката Анастасија Ражнатовиќ, Ана Севиќ, пејачот Слоба Радановиќ и бројни други познати лица што можете да видите и во галеријата.

Пронајди ме, итно известување за исчезнување на малолетник – се наведува во соопштението со кое беше прекината програмата на јавниот сервис во соседството, а кое беше повторено два пати во период од десет минути на националната радио телевизија во Република Србија.

Принтскрин/ Социјални мрежи

Кога системот „Пронајди ме“ или „амбер алерт“ ќе биде активиран граѓаните преку СМС пораки се известуваат за исчезнатото малолетно лице, но истовремено се прекинуваат и телевизиските и радио емисиите и се емитува известувањето со основни информации за исчезнатото дете, како и на екраните што ги има поставено на аеродромите, автобуските и железничките станици.

Принтскрин/ Социјални мрежи

Како што пренесуваат медиумите од соседството, полицијата цело време го пребарува теренот, но истовремено и ги замоли граѓаните да си заминат за да не им пречат на кучињата трагачи во потрагата.

Принтскрин/ Социјални мрежи

Принтскрин/ Социјални мрежи

Принтскрин/ Социјални мрежи

Принтскрин/ Социјални мрежи

Принтскрин/ Социјални мрежи

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button