Реклама
Наши ѕвезди

Исплива фотографија со Благоја Грујовски – фановите изненадени со кого пејачот се забавува (фото)

Благоја Грујовски објави фотографија со колегите, фрчат коментари од сите страни

Реклама

Фановите ги чекаат и нивните коментари

Познато е колку фолк-пејачот Благоја Грујовски е во одличен однос со своите колеги и колешки од естрадата.

Впрочем за тоа зборува и неговиот Фејсбук профил кој изобилува со интересни фотографии на кои познаиот фолк-пејач е во друштво со своите колеги, а така беше и овој пат.

Маркетинг

Имено, познатиот пејач на својот Фејсбук објави фотографија на која е со двајца колеги кои според многумина би можеле да се издвојат од сите останати. Тој на еден настан се најде со уште две легенди кога е македонската фолк музика во прашање, а не сакаше да ја пропушти приликата и да не ја овековечи нивната средба и моментот да го сподели со нивните фанови на социјалните мрежи.

Маркетинг
Фото: Фејсбук/ Благоја Грујовски

Почнува драмата, напиша тој во описот на фотографијата, па следуваа лавина од коментари на нивните заеднички фанови.

Фото: Фејсбук/ Благоја Грујовски

„На здравје на сите цареви“, „Поздрав до мајсторите“, „На здравје, легенди наши“, „Многу јака екипа, браво“, „Главни актери на македонската музичка естрада“, беа само некои од бројните коментари што се уште се редат под оваа заедничка фотографија на Благоја со Наум Петрески и Спасен Силјановски на социјалните мрежи.

Фото: Фејсбук/ Спасен Силјаноски

Инаку, заедничка фотографија со Спасен и Наум деновиве објави и познатата пејачка и водителка Адријана Алачки.

Таа со оваа фотографија ја најави новата „Везилка“ која што ја води заедно со Спасен, а во чија екипа до неодамна можевме да го гледаме и нивниот колега Благоја Грујовски.

Фото: Фејсбук/ Адријана Алачки

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button