Реклама
Наши ѕвезди

Испливаа неколку фотографии од младоста на Татјана Стојановска – беше и остана кралица (фото)

Жена со вонсериска убавина, на која времето не остава трага

Реклама

Некогаш и сега

Нашата позната водителка Татјана Стојановска неодамна го прослави својот 49 роденден, но оваа бројка за неа нема никаква важност.

Имено, некогашната Мис на Македонија која оваа титула ја освои пред триесет и кусур години, се уште важи за убава жена.

Маркетинг

Таа е една од оние дами за кои велиме дека се како виното, кои го негуваат својот младешки дух и ентузијазам кон животот, инспирирајќи ги и другите со својот изглед.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Татјана Стојановска

А дека Татјана навистина многу малку се променила и дека годините за неа се само бројка покажуваат и фотографиите што познатата водителка ги објави неодамна на својот профил Инстаграм, а кои се настанати пред дваесетина години во просториите на МТВ.

Фото: Инстаграм/ Татјана Стојановска

Станува збор за фотографии од 2000 и 2001 година, а како Татјана изгледаше тогаш, погледнете во продолжение…

Фото: Инстаграм/ Татјана Стојановска

„Кралица си била и ќе останеш кралица“, „Уште тогаш се знаело која е најдобрата и незаменливата“, „Незаменлива и најдобра во изразувањето“, беа само некои од коментарите што Татјана ги доби под овие свои фотки што неодамна ги сподели на социјалните мрежи.

Фото: Инстаграм/ Татјана Стојановска

Потсетуваме, Татјана заради својата безвременска убавина многумина ја нарекуваат македонската Моника Белучи.

Фото: Инстаграм/ Татјана Стојановска

Таа во 1992 година ја освои титулата Мис на Македонија, а потоа започнува да работи како водителка, па како презентерка на вести.

Фото: Инстаграм/ Татјана Стојановска

Моментално работи како презентер на информативната програма на Канал 5 телевизија и важи за една од најдобрите во ова фела.

По завршувањето на средното економски училиште во Скопје се запишува на Економскиот факултет на Универзитетот Кирил и Методиј на кој ќе дипломира во 1999 година, а по 15 години станува и магистер по човечки ресурси. Паралелно со студиите Татјана работи и на својата телевизиска кариера и пред камерите ќе остане до ден-денес, иако во младоста ќе освои уште неколку титули за убавина.

Фото: Инстаграм/ Татјана Стојановска

Како Татјана изгледала и тогаш, во цутот на својата младост и како Мис на Македонија, погледнете во продолжение…

Фото: Фејсбук

Фото: Фејсбук

Фото: Фејсбук

Фото: Фејсбук

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button