Реклама
Новости

Имаат 3 деца и сега ја дознале страшната вистина: По долги години брак дознале дека се братучеди

Реклама

Брачен пар кој има три деца откри како дознале дека се во роднинска врска откако направиле ДНК тест од семејното стебло.

ФОТО: Принтскрин

Селина и Џозеф Кинонес, од Колорадо, биле заедно 17 години, а во брак се 10 години, а сега Селина одлучила да копа во нејзиното семејно стебло.

Мајката на три деца не навлегла премногу во нејзината лоза кога открила огромен шок – Џозеф всушност е нејзин братучед.

Објавувајќи на TikTok под називот @realestatemommas, таа ја објави веста за тоа како парот дознал дека се повеќе од само маж и жена.

Маркетинг
ФОТО: Принтскрин

Таа напиша: „Се омажив за мојот сопруг во 2006 година. Не ни размислувавме за вакво нешто, добивме три деца. Дознавме дека сме биле роднини и братучеди“.

Селина, која напиша книга за нејзините искуства, ги повика другите парови да го проверат семејното стебло пред да стапат во брак со некој.

Маркетинг

Видеото за брзо време стана вирално на социјалните мрежи, а многу луѓе им упатуваат критики и пишуваат негативни коментари за нивното семејство, велејќи им дека треба да се разведат.

ФОТО: Принтскрин

Таа го опиша моментот кога за првпат открила дека нејзиниот сопруг е всушност и нејзин братучед и кажа дека се чувствувала „уништено“, но истакнала дека нивната љубов е посилна и дека ги игнорира негативните коментари од луѓето кои ѝ велат да се разведе.

Истакнала дека нејзините деа се родени здрави и живи, со 10 прсти на раете и 10 прсти на нозете.

Во видеото објаснува дека таа и Џозеф апсолутно немале поим дека се во роднинска врска, а се забавувале 4 месеци пред Џозеф да ја запроси.

ФОТО: Принтскрин

„17 години сум заедно со мојот братучед. Не знаевме дека сме роднини додека не направивме ДНК тест. Бевме 4 месеци заедно пред да се вериме. Тој сè уште е и ќе биде моето се.

Нема да дозволам малку заедничка крв да го уништи она што го создадовме, ова прекрасно семејство“.

Одговарајќи на негативноста од оние кои коментираат, таа вели дека никогаш нема да бидат под влијание на она што другите го мислат – и тврди дека немале поим за крвната врска до тестот.

ФОТО: Принтскрин

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button