Реклама
CelebrityTV

Засекогаш ќе го памети концертот во Македонија: Момче со Даунов синдром и подари рози на Данијела Мартиновиќ- еве како таа му се заблагодари!

Беше воодушевена...

Реклама

На концертот во нашата земја, убавата хрватска пејачка Данијела Мартиновиќ доживеа несекојдневно и убаво изненадување кое сигурно ќе го памети цел живот.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

Најубавиот дел од концертот беше кога на сцената и пријде момче со Даунов синдром и и подари роза.

Маркетинг

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

Овој емотивен момент од концертот Данијела ќе го памети целиот живот.

Маркетинг

Данијела го сподели видеото на својот Инстаграм, а момчето кое со овoj гест направи сите да се чувствуваат убаво, не можеше да ја тргне насмевката од лицето.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

Пејачката го прегрна во знак на благодарност и на тој начин му покажа колку и значи неговиот подарок.

„Незаборавна прегратка“, напиша пејачката во описот на видеото кое никого не остави рамнодушен.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

„Најубавото нешто што сум го видел денес“, „Убава“ „Кралица“, беа само дел од коментарите на следбениците.


Инаку, Данијела на концертот блесна во долг бел фустан кој ја следеше нејзината фигура.

Дека е особено среќна и заљубена може да се примети од километар. Пејачката не ја трга насмевката од своето лице а колку Јосип и значи и самата изјави во неколку наврати.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

– Иако разговорот беше официјален, а ситуацијата во која се најдов ми беше сосема непозната, зрачеше смиреност и мир. На самиот крај од разговорот, наместо „збогум“, ми рече: „Нека те прати насмевка.“ Веднаш знаев дека тој е посебна личност. Јосип е цврсто закотвен, нема тензии со него, секогаш наоѓа начин и пристапува на се темелно, изјави Данијела за Story.hr.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

Да потсетиме, Данијела се запознала со Плавиќ кога нејзиниот адвокат пред околу една година преку Интернет поднел пријава за кражба на идентитет. Полицијата брзо го решила случајот, а пејачката и инспекторот продолжиле да се гледаат а таа не крие дека покрај него ја пронашла среќата.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button