Реклама
Вирално

Една трагедија и го сруши животот, во него беше лудо заљубена го уб.ија а таа се откажа од кариерата- тешката животна приказна ја направи Карлеуша тоа што е денес

Излезе како победник во сите ситуации...

Реклама

Уште од почетокот на кариерата Јелена Карлеуша е во центарот на вниманието поради својот необичен стил но и поради нејзиниот немирен карактер.

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

Контроверзната пејачка ги руши границите, а многу светски ѕвезди и се восхитуваат.

Маркетинг

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

На почетокот таа пееше придружни вокали и снимаше радио реклами имитирајќи ги гласовите на познатите личности.

Маркетинг

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

Така го заработила својот прв хонорар. Таа пееше придружни вокали, а соработуваше и со Цеца, која беше многу популарна во тоа време. Јелена ја сметаше Цеца за свој идол, па се растажи кога таа искоментира дека Јелена има глас, но не и стас на голема ѕвезда.

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

Поп дивата по цели 11 години неодамна го издаде својот 11-ти албум „Алфа“, кој предизвика низа реакции.

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

Пејачката најави и втор албум наречен „Омега“ и публиката очекува дека тој ќе биде уште подобар од сегашниот.

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

Нејзиниот пат до славата не бил послан со рози. Напротив Јелена се соочувала со низа скандали а поради необичниот имиџ тешко ја прифаќале.

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

Не еднаш се има соочувано со негативни коментари и осуди а како вистинска лавица од секоја ситуација излегуваше како победник.

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

Многумина велат дека таа е всушност прототип на силна и стабилна жена со цврсти ставови кои никој не може да ги разниша.

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

За Јелена она што малкумина знаат е дека е родена на 17 август 1978 година во Белград како единствено дете на познатата радио новинарка Дивна и криминалниот инспектор Драган Карлеуша.

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

Нејзиниот коефициент на интелигенција е153.

Нејзините родители ја чувале како мала вода на дланка и таа им е многу благодарна за безгрижното детство што и го дале. Иако се разведоа кога пејачката беше млада, сите долго време живееја заедно, па таа не беше лишена да расте во топла, семејна атмосфера.

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

Во 1995 година го снимила првиот албум „Огледалце“, кој е продаден во 100.000 примероци. На него имаше 8 песни.

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

Нејзината кариера тргна во нагорна линија, а Јелена продолжи да снима албуми со големи хитови кои се слушаат и денес.

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

Еден немил настан остави голема трага во нејзиниот живот.

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

Јелена била многу приврзана за мајка си, која и беше најголема поддршка и која била единствената личност што ја познавала пејачката во вистинско светло. Дивна поч.ина на 61 година по долго и тешко боледување, а Јелена беше најтешко погодена од нејзината см.рт.

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

На пејачката и требаше долго време да се опорави од оваа непоправлива загуба. Пејачката била уништена од болката, а во знак на жалост ја скратила косата.

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

Зад себе има и неколку љубовни бродоломи.

Во 1999 година Карлеуша беше во врска со бизнисменот Зоран Давидовиќ. Сепак таа љубовна приказна не заврши добро.

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

На 23 март 2000 година, Давидовиќ беше уб.иен додека се враќаше од погребот на новосадскиот бизнисмен Бранислав Лаиновиќ Дуго. По неговата см.рт, Јелена направи мала пауза во кариерата а на сцената се врати во 2001 година со албумот „Za svoje godine“.

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

Карлеуша беше во брак и со бизнисменот Бојан Кариќ. Нивната романса започнала кога снимила албум за „BK Sound“ во 2002 година. Тие се венчаа во септември 2004 година, но се разведоа по помалку од пет месеци брак.

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

По разводот од Кариќ Карлеуша доживеа медиумски линч а среќата ја пронајде покрај бизнисменот Владан Мариќ. Оваа љубовна приказна започна во средината на јули 2005 година, кога Карлеуша и Мариќ се сретнаа на јахтата „Першинг“, по која пловеа со близок круг на пријатели.

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

Последен во низата љубови е нејзиниот сегашен сопруг Душко Тошиќ со кого е од 2007 година.
Душко ја излажа за своите години и рече дека има 26, а не 20. На прв поглед и се допадна многу, а по два дена откако го запозна, отиде да живее кај него во Франција.

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

Освен со својот изглед, тој ја освоил и со своето внимание и во него пронашла маж со кој би сакала да има деца.

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

Карлеуша еднаш изјави дека има селективна амнезија и дека се сеќава само на Душко Тошиќ, човекот кој го смета за своја прва љубов. Јелена и Душко имаат две ќерки – Атина и Ника.

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button