Реклама
Наши ѕвезди

Една од нашите најпознати манекенки и во петтата деценија плени со својата природна убавина

Реклама

Светлана Црнокрак објави фотографија на социјалните мрежи на која изгледа подобро од кога било досега.

Фото: Фејсбук/ Светлана Црнокрак

Поранешната манекенка ги освои сите со една од своите последни фотографии што ги објави на социјалните мрежи. Таа веќе со години плени со својата природна убавина, неодоливиот шарм и харизмата со која што зрачи каде и да се појави, а на изгледот дефинитивно можат да и завидуваат и многу помлади девојки од неа.

Можеме да видиме дека Светлана и на почетокот од петтата деценија од животот изгледа неверојатно, а и кога е во улога на модел се снаоѓа како и во најдобрите години. Од фотографиите можеме да видиме дека таа дефинитивно може да стои рамо до рамо со нејзините двојно помлади колешки.

Маркетинг
Фото: Фејсбук/ Светлана Црнокрак

Таа на социјалните мрежи објави фотографија на која се гледа нејзиното преубаво лице и ги воодушеви фановите кои ја почестија со бројни комплименти.

Инаку Светлана заедно со својот сопруг Мики Црнокрак се сопственици на модното студио „Црнокрак“. Тие важат за една од најстабилните брачни двојки меѓу познатите во Македонија, а на јавни настани не ретко можеме да ги видиме заедно, често и со нивните деца Моника и Нина.

Маркетинг
Фото: Фејсбук/ Светлана Црнокрак

Благодарение на нив многу девојки станаа успешни манекенки и досега имаат организирано голем број модни настани.

Фото: Фејсбук/ Светлана Црнокрак

Но и покрај тоа веќе со децении се дел од македонскиот шоу-бизнис, Светлана и Мики својот приватен живот го чуваат далеку од очите на јавноста.

Фото: Инстаграм/ Мики Црнокрак

Единствено што можеме да кажеме со сигурност е дека и двајцата изгледаат одлично и дека многумина му се љубоморни на Мики што има ваква убавица покрај себе.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button