Реклама
UncategorizedВирално

Еве како изгледа денес правнуката на Тито- се откажа од презимето на популарниот татко и ги шокираше сите со одлуката

Сара денеска има 29 години...

Реклама

Сара Хас, го прослави својот 29-ти роденден a сподели и неколку фотографии од роденденските честитки.

фото инстаграм/Сара Хас

Сара е вработена како сценограф во Загребскиот куклен театар, а ја потпишува и сценографијата за „Тајниот дневник на Адријан Мол“.

Маркетинг

фото инстаграм/Сара Хас

Воедно таа е и талентирана сликарка.

Маркетинг

Инаку за оние кои не знаат таа е правнука на Јосип Броз Тито.

фото инстаграм/Сара Хас

Таткото на Сара е познатиот актер Ранко Зидариќ ѕвездата на популарната серија „Нашата мала клиника“.

Она што изненади многумина е одлуката на Сара да го замени презимето на татко и со презимето на нејзината покојна прабаба Херта Хас, третата сопруга на Јосип Броз Тито.

фото инстаграм/Сара Хас

За ваквата одлука проговори пред неколку години за Јутарњи лист и откри зошто го земала презимето на својата прабаба.

фото инстаграм/Сара Хас

– Не го зедов моето презиме од прабаба ми само од почит кон неа, туку од почит кон двајца во семејството за кои знам дека им е исклучително драго што барем некој се уште го носи презимето Хас. Менувањето на презимето за мене не е голема промена бидејќи за сите секогаш сум Сара.

фото инстаграм/Саша Броз

По повод роденденот на Сара, нејзината мајка Саша Броз, внуката на Тито, ѝ посвети објава на Инстаграм.

фото инстаграм/Саша Броз

-Среќен роденден на мојата најголема љубов, напиша таа во описот на фотографијата.

фото инстаграм/Сара Хас

Инаку Сара е сценограф, а таа и нејзината мајка соработуваат во бизнисот. Нивната трета заедничка соработка е претставата „Случајна средба во секс шоп“, чија премиера беше оваа година.

фото инстаграм/Сара Хас

Да потсетиме, Саша Броз јавноста ја знае како внуката на Тито, а пред неколку години таа изјави дека би сакала да сними филм за нејзинит дедо. Во една прилика откри и дека во текот на кариерата многу и помогнало нејзиното презиме.

фото инстаграм/Саша Броз

„Вистина е дека ми се роди идеја за снимање на филм за дедо. Иако се’ уште е само желба, верувам дека еден ден ќе стане реалност. Тоа би бил филм за односот кој го имав со дедо, ’моја пресметка со детството.

фото инстаграм/Саша Броз

„Сите се нечии внуци и внуки, тоа го сфаќам како неминовен факт. Малку е неинтересно кога секојдневно сурфаш по порталите или читаш весници, па нема ниту еден медиум кој всушност не се бави со моето презиме. Сакам да ме доживуваат првенствено заради мојата работа, а не преку моето потекло. Од друга страна, би била лицемерна да кажам дека не сум добила многу медиумско внимание поради моето презиме. Всушност, се обидувам да балансирам со тоа“, изјавила внуката Саша.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button