Реклама
Наши ѕвезди

Еве како изгледа денес пејачот што го има испеано еден од НАЈГОЛЕМИТЕ ХИТОВИ во нашата земја (фото)

Неговите песни им ги освоија срцата на многу слушатели, а на неговиот шарм многу девојки не беа рамнодушни

Реклама

Беше и остана познат по една песна која се слуша и денес

Пејачот Трајче Манев беше млад и неискусен кога во дамнешната 1987 година се појави на грандиозната сцена на „Макфест“ и триумфално победи со извонредната поп-балада „Осамен“.

Оваа песна која беше мега хит во тоа време се уште се пее на прославите и се врти на радиостаниците.

Маркетинг

Како што самиот многупати досега има изјавено, песната е напишана за неговата сопруга Бети, со која е во брак веќе долги години.

Маркетинг
Принтскрин/ Јутјуб, Макфест

Тие во тоа време биле скарани, па Трајче во раните утрински часови добил инспирација за песната и ја напишал.

„Песната е напишана во 4 или 5 часот наутро, бев скарани со нејзе тој период. И токму во тие мигови излегоа и музиката и текстот. Јас дома цвеќиња не носам само за 8-март, тоа знам често да го правам, изјави Манев во една пригода, па го додаде и следново:

„Но кога сопругата Бети ќе ми се налути, јас веднаш ќе запеам стихови од мојата песна, која ќе ја омекне“, додаде тогаш Трајче.

Принтскрин/ Јутјуб, Макфест

Инаку, Трајче во тоа време беше вистински шмекер, а беше препознатлив по својата фризура која му беше заштитен знак.

Принтскрин/ Јутјуб, Макфест

Кога триумфираше на „Макфест“ на сцената се појави со карирно сако кое беше неколку броја поголемо и кое го носеше со подвиткани ракави, а за ова победничко издание на Трајче и денес се зборува.

По овој голем хит, пејачот долго време уживаше голема популарност, а беше успешна и песната „На минус 23“.

Оваа песна ја компонираше Драган Каранфиловски – Бојс, кој додека беше жив беше добар пријател со Трајче.

Принтскрин/ Јутјуб, МРТ

Трајче Манев денес со својата сопруга Бети живее во Скопје, а круна н нивната љубов се нивните две деца Љупчо и Мартин.

Фејсбук/ Трајче Манев

Фејсбук/ Трајче Манев

Принтскрин/ Јутјуб

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button