Реклама
LIFESTYLEВирално

Еве зошто црните кучиња се посебни, но тешко се вдомуваат (видео)

Реклама

Како и за црните мачки, постои верување дека и црните кучиња предизвикуваат несреќа,  па од тие причини повеќето здруженија мака мачат за да ги вдомат овие миленичиња.

Пред неколку години, започна кампањата „Кога мали раце ќе се сложат тогаш и црните кучиња ќе се вдомат “. Кампањата имаше мал успех, што всушност беше уште еден доказ дека очигледно има проблем со црната боја на овие миленичиња.

Маркетинг

Се разбира, има сопственици на црни животни кои коментираат дека црните животни се најубави, но од една  асоцијација објаснуваат: „Кога ќе го најдеме леглото на малите напуштени кученца, секогаш се вдомуваат прво посветлите кучиња, па шарените и на крај остануваат црните”.

Црните кучиња се навистина, без излишни комплименти,  најубавите кучиња, најпаметните, најспецифичните, најслатките и најверните.

Маркетинг

 

Ние ви даваме 10 причини зошто треба да земете црно куче.

Црните кучиња се верни и друштвени како и другите кучиња “во шарени бои”.

Тие изгледаат мистериозно и добро.

Полесно е да се чува чисто (затоа што на црната длака се е видливо).

Тие се одлична заштита – некои луѓе мислат дека црните кучиња изгледаат пострашно и поозбилно

Тие се подготвени за било кој официјален настан – само додадете му слатка вратоврска и имате куче во костум.

Одлично излагаат на фотографија посебно сликана на снег.

Секоја фотографија со нив е убава.

Природни грејни тела – науката вели дека црната боја привлекува и апсорбира топлина, што значи дека можете да се гушкате во зима со овој влакнест грејач.

Сите ќе ве забележат, бидејќи веројатно ќе бидете еден од ретките со црно куче.

Слободно можат да вдомите црн миленик во сите варијанти, мали, средни, големи, кратки нозе и долги коса.

Значи, ако размислувате за ново милениче, зошто да не биде некој прекрасен црн маркантен  лепотан или или некоја благодатна црна дама?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button